Коефициентите на „Медена земја“ за доделување Оскар во постојан пад
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2020
Една недела по објавувањето на
коефициентите од страна на букмејкерите за победа во разните категории за
доделувањето на наградите на „Оскар“, кој треба да се одржи на 9 февруари,
истите се во вртоглав пад кога станува збор за македонскиот
документарен филм „Медена земја“.
Во македонските обложувалници велат дека зголемувањето на шасните за „Медена земја“ да победи во категориите во кои е номиниран - најдобар документарен филм и најдобар странски филм се должи по позитивните рецензии од критичарите за делото на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и доделувањето на претходните награди.
Македонските обложувалници главно ги следат типовите на светските букмејкери, кои ги креираат шансите и во овие специјални изданија за играње како што се доделувањето на наградите на „Оскар“, кој ќе ја освои Нобеловата награда, кој ќе биде следниот Папа или следниот актер кој ќе го толкува ликот на Џејмс Бонд.
Во моментов филмот Паразит е апсолутен фаворит во категоријата најдобар странски филм со коефициент 1,03, додека Американ Фактори е неприкосновен кај документарците со 1,17. Тоа прави типувањето на останатите филмови меѓу кои и „Медена земја“ да носи многу поголема евентуална добивка.
- Големиот пад на коефициентите за овој филм, како и за некои други се должи на тоа што играчите типуваат на истите. Уплатите добро се следат и тоа го намалува коефициентот за самите обложувалници да се заштитат од евентуално високи добивки. Инаку кај нас иако го нудиме ова типување, нема голем интерес. Според мене, тоа ќе се засили како што ќе се ближи датумот на самиот настан, но и доколку самите обложувалници направат промоција на оваа игра, велат вработените од „Меридијан“.
Покрај „Меридијан“, на „Медена земја“ може да се типува и во обложуваниците на Спорт лајф. Делумно може и во „Моцарт“, каде што на понудата е само категоријата најдобар странски филм, но не и најдобар документарен.
- Обложувањето започна пред една недела, кога коефициентот на нашиот филм беше најголем. Сега веќе два дена по ред коефициентот на истиот е 5.0 за победа како документарен. На тоа влијае светската публика, а не македонската. Тоа е движење на уплатата која ја следат светските букмејкери, ни рекоа вработените администратори од „Спорт лајф“.
На почетокот шансите на „Медена земја“ беа со коефициент 32,0 а сега во категоријата најдобар странски филм се сведоа на 13.0. Можноста за добивка е уште поголема во категоријата документарец каде што популарниот „Honeylend“ од 13.0 падна на 5.50. Тоа значи дека доколку сега уплатите 1.000 денари, би ви биле исплатени 5.500 ако сте среќен добитник.
Треба да се знае дека и во двете конкуренции „Медена земја“ се движи од второто до третото место во шансите за добивање на статуетката. Апсолутни фаворити се „Паразит“ со 1,03 кај странските и „Американ Фактори“ со 1,17 кај документарците.
Александар Кузмановски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.