19 Декември, 2025
0.0453

КОГА ДЕБЕЛИНАТА Е ПРЕДИЗВИКАНА ОД БОЛЕСТ: „Постои современа терапија“, ендокринологот Битоска за Фактор

Објавено во: Македонија 05 Август, 2024 07:38

Добивај вести на Viber

Вишокот телесна тежина е еден од водечките здравствени проблеми на модерното време. Дебелината е резултат на прекумерна акумулација на масно ткиво, а најчеста причина е неактивноста и внесувањето премногу калории. Сепак, зголемувањето на телесната тежина може да биде предизвикано од разни нарушувања и болести. Еден од најчестите е хормоналната нерамнотежа.

Нарушувањата на жлездите со внатрешно лачење (ендокрините жлезди) може да доведат до прекумерна акумулација на масно ткиво. Најчесто проблемот е предизвикан од тироидната жлезда, која се нарекува хипотироидизам. Проблемот со функционирањето на тироидната жлезда најчесто се открива по месеци неконтролирано дебелеење.

Разни болести со прекумерно лачење на кортизол, како што се Кушинговата болест и Кушингов синдром, се манифестираат со дебелината како еден од водечките симптоми.

Според ендокринологот, Искра Битоска, контролните механизми за внес на храната поради одредени здравствени состојби кај дел од популацијата практично не постојат што доведува до прекумерна дебелина. Проблемот со дебелењето е проблем на денешницата, без разлика што темпото на живот е исклучително брзо.

-Хормоналниот дисбаланс, болестите на ендокринолошкиот систем, психијатриските болести, менопаузата, па дури и генетиката се „главните виновници“ за зголемување на телесната тежина. Менопаузата, на пример предизвикува централна дебелина, односно мастите главно се таложат во делот на стомакот. Луѓето кои имаат психијатриски проблеми, исто така се подложни на зголемување тежинат, пред се заради лекарствата што ги примаат кои кај нив го успоруваат метаболизмот, посочува д-р Битоска.

Според последните податоци, повеќе од една милијарда луѓе ширум светот живеат со прекумерна дебелина, а глобалните проценки неодамна се објавени во медицинското списание „Лансет“.

Ова вклучува околу 880 милиони возрасни и 159 милиони деца, заради што мѓународен тим на научници вели дека има итна потреба од големи промени во начинот на кој се бориме против дебелината.

Прекумерната тежина може да го зголеми ризикот од развој на многу сериозни здравствени состојби, како што се срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и одредени видови на рак, па лекарите советуваат дека од огромно значење е консултација и добивање вистинска терапија.

-Постојат голем број современи лекови строго за дебелина. Слабеењето воопшто не е лесно и често бара многу обиди. Затоа, очекувањата на пациентот треба да бидат добро насочени. Медицинските причини за губење на тежината се засноваат првенствено на спречување на болести и смрт и намалување на влијанието на веќе постоечките болести поврзани со дебелината, како хипертензија и дијабетес, врз квалитетот на животот. Ова може да се постигне со умерени нивоа на губење на тежината, доколку губењето на тежината се одржува. Основните принципи на лекување на дебелината вклучуваат промена на начинот на исхрана, физичка активност и психолошка поддршка.

Терапијата со лекови се разгледува во случаи кога пациентите се изложени на висок ризик или кога другите методи на лекување не дале резултати. Денес на пазарот постојат бројни лекови кои се ефикасни и безбедни, вели д-р Битоска.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот