08 Октомври, 2024
0.0257

Кога и со какви дрвца треба да се пошумат опожарените терени на Осоговските планини?

Објавено во: Македонија 13 Август, 2019

Добивај вести на Viber

На есен или во пролет откако опожарените терени ќе се расчистат, треба да се изврши пошумување на Осоговските планини.

Шумарскиот инженер во пензија, Ленче Јанковска вели дека прво е потребно теренот темелно да се исчисти, да се направи санитарна сеча, и потоа во есен откако ќе паднат дождови и во почвата ќе има влага, може да се изврши пошумување.

„Направени се големи штети, сепак 150 хектари е голема површина, а за да се обнови дрвната маса, за да биде зрела за сечење треба да поминат 40 до 50 години. Веднаш да се пошуми теренот нема шанси, треба да се почека до есен, така е најдобро. Се пошумува во период кога вегетацијата мирува. Дали треба да се пошуми теренот со зимзелени или листопадни дрвја зависи од тоа за колкава надморска височина се работи. Сепак, најдобро е да се засадат дрвца какви што претходно имало конкретно во таа шума, инаку ако се засадат други видови дрвја тие нема да бидат со ист квалитет. На пример липата ако се засади на одреден терен, за да успее таа си бара влага“, вели Јанковска.

На 11 август издадена е забрана за движење во шума на Осоговските Планини, како дел од превентивните активности за заштита од пожари.

Оваа мерка се презема по гаснењето на големиот шумски пожар во кој изгореа околу 150 хектари борова и друг вид шума во кочанскиот дел на Осоговијата.

Казните за непочитување на забраната за движење во шума и шумско земјиште за граѓаните изнесува од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. 

Во гаснење на огнената стихија беа ангажирани пожарникари и против пожарна механизација од Кочани, Виница, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица, служби од јавното претпријатие „Водовод“ и Македоснки шуми.

Но, не се само Осоговските планини, вчера шума гореше и во Дебрца. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата