24 Ноември, 2024
0.0268

КОГА НАФТЕНИОТ ГИГАНТ ПОКАЖУВА ЗОШТО Е ЛИДЕР НА ПАЗАРОТ - „Макпетрол“ го вивна профитот на 8 милиони евра за шест месеци, еве колку е растот во однос на лани

Објавено во: Економија 01 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Кога една акција постојано расте, има и зошто. Кога одредена компанија е прогласена за гигант во својата област, тоа не е случајно. Големите акционерски друштва од берзанскиот индекс МБИ10 покажуваат дека знаат како се работи, и како тоа резултира со одлична профитабилност. Тоа е евидентно сега, кога компаниите ги испраќаат своите извештаи за шестмесечното работење од годинава до инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Многумина го очекуваа Билансот на успех на нафтениот гигант „Макпетрол“, а имаше и зошто. Тој говори дека во првото полугодие од годинава компанијата има добивка пред оданочување од близу 8 милиони евра и чист профит од дури 7,2 милиони евра. Или, ако сакаме да правиме споредби, тоа е за дури 42 проценти повеќе од добивката остварена во истиот период од минатата година.

А, во своето образложение на финансискиот резултат, од ова акционерско друштво многу прецизно образложуваат што доведе до овој повеќе од одличен раст на добивката. И, што е уште поважно, сето тоа е остварено во услови во кои во првото полугодие од годинава, економијата на земјава се наоѓа во незавидна ситуација поради скромниот раст, високата инфлација, политичките предизвици и надворешните глобални неизвесности и конфликти.

„Локалното и глобалното опкружување неминовно влијаеа и врз работењето на ‘Макпетрол’, но како резултат на посветеноста и ангажираноста на раководството и вработените, друштвото обезбеди непрекинато снабдување на македонскиот пазар со високо квалитетни нафтени деривати и природен гас “, се вели во образложението од компанијата.

Колкави приливи оствари нашата лидерска нафтена компанија во првото полугодие? Вкупните приходи на „Макпетрол“ во првите шест месеци се на ниво од импозантни 234 милиони евра, што е раст за 3,47 отсто во однос на истиот период лани.

Во структурата на приходите, најголем удел со 98,7 отсто имаат приходите од продажба, од кои 97,5 проценти се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 1,2 отсто се остварени на странски пазар, и тоа од извоз на млазно гориво.

Од компанијата објаснуваат дека растот на приходите, споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на зголемените приходи на мало за 10,1 отсто, а истите учествуваат со 90 проценти во приходите од продажба.

„Главна причина за зголемувањето на приходите на мало е лидерската позиција на малопродажниот пазар на деривати каде се зголеми количествениот промет за отсто. Друштвото го прошири и малопродажниот асортиман кој се нуди на бензинските станици, а прометот со тоа се зголеми за 17 отсто“, велат од компанијата.

Наспроти нив приходите од големопродажниот сегмент бележат пад од 33,4 отсто, во најголем дел поради намалениот промет со млазно гориво и природен гас.

На расходната страна, пак, вкупните расходи се во висина од 226 милиони евра, што ње зголемување во однос на истиот тајминг лани за 2,49 отсто.

„Растот во најголем дел се должи на зголемените расходи за набавна вредност на трговски стоки од 1,97 отсто, поради зголемениот количествен промет со нафтени деривати во споредба со мината година “, објаснија од компанијата.

Расходите за набавна вредност на трговски стоки, односно набавните цени, се расходи врз кои друштвото има лимитирано влијание. Тоа се должи на регулирањето на најголем дел од набавните цени на нафтените деривати.

Или, сето ова придонесе „Макпетрол“ да го заврши првото полугодие со добивка пред оданочување во износ од 7,9 милиони евра, која е поголема за 42,71 отсто од остварената добивка за лани истиот период, односно 7,2 милиони евра после плаќањето на корпоративниот данок.

А, она што треба да се истакне е дека позначајно зголемување постои и кај трошокот за плати, кој е зголемен како резултат на зголемувањето на бројот на вработени, но и зголемувањето на минималната плата. Или, билансот на успех говори дека ставката за трошоци а вработените е 13,7 милиони евра, што е раст за 7 отсто во однос на истиот период лани.

Премиите за осигурување исто така бележат позначајно зголемување поради доброволното приватно здравствено осигурување, каде биле осигурени сите вработени.Вработените добиле и награди, односно во јуни се поделени близу два милиони евра од годишната добивка за 2023 година, а во јули, пак, по одлука на УО, на вработените им е исплатен регрес за годишен одмор во нето-износ од 42.000 денари по вработен, за што компанијата вложи 1,46 милиони евра.

Во текот на 2024 година „Макпетрол“ го продолжи силниот инвестициски циклус и вложи преку 2,6 милиони евра, како во реконструкција така и во изградба на нови малопродажни и големопродажни објекти.

Заклучно со крајот на првото полугодие од 2024 година друштвото нема ниту краткорочни ниту долгорочни задолжувања.

„Позитивен нето ефект се забележува од финансиските приходи и расходи на Друштвото поради одличната ликвидност, намалувањето на трошокот за камата и зголемувањето на приносот од вложувањата“, објаснуваат од „Макпетрол“.

А, во извештајот од нафтената компанија откриваат и една многу интересна работа, а таа е дека инвестирале и во долгорочни хартии од вредност издадени од земјава, кои имаат атрактивен принос.

Има и уште една многу позитивна вест, а таа е дека оваа година на компанијата и се приклучија 157 нови вработени.

Очекувањата за деловната 2024 година се во согласност со Планот за работење на Друштвото, кој се очекува да биде достигнат, а дури и надминат“, нагласуваат од компанијата.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски