Кога нашите предци се исправиле на две нозе?
Објавено во: Мои пари 19 Март, 2015 21:47
Древните китови кои не умееле баш најдобро да се ориентираат во просторот им помагаат на истражувачите да откријат кога се променил афричкиот континент на начинот кој довел до еволуција на луѓето.
Клунестите китови наводно погрешно свртеле во реката на територијата на денешна Кенија пред околу 17 милиони години. Врз основа на нивните остатоци, научниците успеале да откријат досега со најголема прецизност кога источноафричкото плато почнало да се издига.
Како што е објаснето од страна на Лос Анџелес Тајмс, овој пат тоа е од клучно значење за историјата на човештвото, бидејќи геолошките промени го трансформирале регионот кој некогаш бил покриен со густи шуми во тревни полиња, и експертите велат дека токму поради тоа предците на човекот почнале да одат на две нозе .
„Китовите ни кажуваат многу работи“, вели палеонтолог од Саудерн Методист универзитетот кој е еден од авторите на трудот објавен во научниот магазин ПНАС.
„Тие ни кажуваат кога дошло до промени во климата и изгледот на Африка, кои довеле до појава на првите луѓе.
Черепи на китови беа пронајдени за прв пат во 1964 година и научници мислеа дека се работи за желка. Со децении, така лежеа во депоата на Харвард, но тие конечно ја видеа светлината на денот, повторно, кога истражувачите почнаа да се занимаваат со овој дел на Африка.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




