18 Декември, 2025
0.0556

Кога соларните електрани не сакаат сонце?

Објавено во: Свет 11 Јуни, 2014 09:58

Добивај вести на Viber

Сонцето е основен предуслов за производство на енергија во соларните електрани. Но тропскиот бран кој ја зафати Чешка во изминатите неколку дена, напротив, ја намали моќноста на овие електрани дури за 10%, потврдиле од Чешката фотонапонска асоцијација. Главен виновник за ова е сушата, заради која има значително повеќе прашина која паѓа на соларните панели и го намалува нивниот капацитет. „Во време на високи температури панелите се прегреваат и нивната ефикасност паѓа. На електраната и е потребно големо сончево зрачење, но не и голема топлина“, објаснува претседателот на асоцијацијата Михаел Шмид. Втор негативен фактор во летните месеци е и магловитоста на небото, која го апсорбира зрачењето и ја зголемува температурата. Додека во Прага, на пример, во идеални денови на квадратен метар паѓаат 1.025 вати сончева енергија, на југот на Чешка пристигнуваат 1.150 вати, а во јужна Европа над 2.000 вати. Идеално време за соларната електрана е ладно, целосно ведро небо и интензивно зрачење. Производството на енергија во соларните електрани во Чешка лани е намалено за 4,74% и доволно е за да ја покрие потрошувачката на струја на околу 600.000 домаќинства.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел