22 Ноември, 2024
0.0310

Кога треба да почнеме да ги учиме децата на штедење?

Објавено во: Економија 04 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

На возраст од 5 или 6 години децата се спрeмни да почнат да се учат да штедат.

Психологот Радмила Манчевска  вели дека предучилишната или училишната возраста е период кога децата треба да бидат свесни за вредноста на парите. Како што објаснува таа, децата најчесно учат преку примери.

На таа возраст децата учат броење, се идентификуваат, поистоветуваат со другите, но и преку приказни им се всадуваат вредности. Родителите треба да им дадат пример, да не биде тоа како со пушењето, родителот пуши, а бара детето да не користи цигари. Значи не можеме да го научиме детето да штеди, ако гледаат дека ние тоа не го правиме“, рече Манчевска.

На оваа тема ги прашавме за мислење и граѓаните. Според нив, кога детето ќе тргне на училиште и ќе добива џепарлак, треба да научи и да штеди. Повозрасните велат дека ги учеле своите деца и внуци да штедат.

„Со касичка за штедење ги учев моите деца да штедат. Тоа на детето му создава навика за штедење. Откако ќе ја отвори касичката, со тие пари може да си купи чоколадо или нешто друго и така се учи за вредноста на парите. Сметам дека и со готвење дома  детето може да се научи дека тоа е начин да се заштеди“, рече Блашка Тасевска, граѓанка.

Граѓаните велат дека е убаво да се штеди, ако условите дозволуваат.

Јас ги учам децата да штедат,  ама мислам дека сега нема што да се заштеди“, објаснува Благица Тушевска, граѓанка.

Сепак, повеќето се жалат дека со ниските примања тешко успеваат да заштедат, но навиката за штедење е корисна. 

„Ги учиме младите да трошат рационално, а колку и дали тоа ќе го сфатат зависи од нив“, рече Драгица Петковска, граѓанка.

Психолозите советуваат дека децата треба да прават разлика меѓу желбите и потребите. На возраст од 10 години добро е да знаат колкави се трошоците на едно домаќинство за сметки и други потреби. Треба да сфатат дека семејството има ограничена сума пари со која треба да го помине месецот, а за да имаат извор на приходи, луѓето одат на работа, каде вложуваат труд, ги нудат своите услуги, трошат време и сето тоа треба да им се објасни на најмалите.

Соцологот Татјана Филиповска вели дека однесувањето на родителите е пример кој децата обично го следат.

„Децата ги имитираат родителите. Не многу мали, но од школска возраст треба да се научат на штедење. Но, џабе е ако родителот го советува детето да штеди, а самиот тој се расфрла. Еднаш зборував на тема сиромаштија и можам да кажам дека ние Македонците сме навикнати од малку да направиме нешто или од тоа малку да ги намалиме потребите и да ни остане нешто. Тоа е умешност“, додава социологот.

На веб страницата на Народна банка има водич за финансиска писменост и насоки како да се штеди и зошто е тоа важно. Пред неколку години беше констатирано дека финансиската писменост на населението е на ниско ниво. Лани Народна банка реализирала 115 едукативни предавања на кои биле присутни 4.335 учесници, меѓу кои ученици, студенти, наставници и професори, како и деца од предшколска возраст. Училиштата доколку се заинтересирани за оваа тема можат да пополнат форумлар и да се пријават за одржување на предавање. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени