01 Април, 2025
0.0318

Кои се битолските милионери? Десет компании со профит поголем од еден милион евра!!!

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2021 06:59

Добивај вести на Viber

Кравите и производството на струја се најзначајни генератори на БДП-то што го создава битолската економија. Три од петте најпрофитабилни битолски фирми непосредно зависат од краварството. Една произведува млеко и млечни продукти, друга произведуваат сладолед кој во својата основа е млеко. Трета произведува струја од триците од кравите. Меѓу најуспешните битолски фирми лани има такви кои извезуваат памет, а има и велемајстори и за трговија на големо особено на фармацевтски продукти и на земјоделска механизација. Жени се сопственички четири од десет најуспешни компании

Корона кризата имаше силно негативно влијание врз глобалната, регионалната и врз македонската економија. Намалена побарувачка, извозни ограничувања, неизвесности, губење на пазари, ограничен или забавен транспорт. Бизнисмените зад себе оставија тешка и лоша година. Ниту Битола не е исклучок од регионалните и глобалните економски текови. Но не е се така црно и страшно. И оваа година покажа дека има друштва, луѓе и брендови кои се „корави“ и отпорни и на ваква „пошаст“ каква што современиот свет не видел до сега.

Споредбата на расположливи достапни податоци од Централниот регистар покажа дека Битола има брендови за кои нема зима ниту во бројните ограничувања кои ги наметна корона кризата. Некои успеаја да оптимизираат и да остварат резултати исти како лани, некои приближно исти, дел завршија со помали добивки, а има и такви кои успеаја во короната да постигнат повеќе, да изработат подобро.

Најпрофитабилна фирма според апсолутен износ на добивка е Млекара Битола гигант на македонскиот пазар. Лани ова друштво оствари приходи од 41,3 милиони евра што е за 14 отсто послабо од претходната година, а во такви услови успеа да го зголеми профитот за 4 отсто и да стане компанија со најголема добивка – таа изнесува 3 милиони евра.

Најпознатиот македонски производител на сладолед е најуспешна битолска компанија лани е „Цермат“ затоа што успеа да го зголеми профитот за 46 отсто во споредба со претходната година. Добивката на семејната компанија на Зоран Ристевски и Виолета Ристевска – Лозич лани е 2,6 милиони евра, а приходот е 16 милиони евра.

Според оставарениот профит третото место го делат една градежна фирма и една метална индустрија. Двете имаат по 2,2 милиони евра добивка. Тоа се Марковски компани и Ери Цорпоратион. Фирмата на Борче Марковски лани оваа добивка ја оствари на приходи од 12,6 милиони евра кои се за 27 отсто повисоки од 2019 година. Профитот е помал за 20 отсто. Компанијата за ковање, валање, пресување и штанцање метали на Пецо, Зоран и Борче Талевски и на Митко Кокиноски лани оствари приход од 10,7 милиони евра што е за 7 отсто повеќе од претходната година.

Четврторангирана според профитот е приватна битолска компанија за производство на струја. Станува збор за Пелагонија Енерџи која за производство на струја користи погонско гориво од шталите на фирмата – мајка ЗИК „Пелагонија“. Лани ова друштво од продажба на произведена струја наплатило 11,1 милиони евра (16 отсто повеќе), а остварило добивка од 1,5 милиони евра (28 отсто помалку).

Втората најголема македонска веледрогерија Еурофарм Битола, сопственост на Татјана Стерјева, лани од продажба оствари приход од 47,6 милиони евра, што е раст од 28 отсто во однос на претходната година. Еве како короната во некои дејности генерира раст на приходите. Добивката на друштвото лани изнесува 1,4 милиони евра што е раст од 64 отсто иако ова друштво ја има една од најмалите профитни маргини во конкуренција на другите битолски најуспешни фирми.

Најголемиот гросист (продавач) на земјоделска механизација и опрема битолски Синпекс имаше успешна година. Ова друштво чии сопственици се Христина Фуна и Синиша Петровиќ лани оствари приходи од 17,7 милиони евра што е за 15 отсто подобро од 2019 година. Добивката изнесува 1,3 милиони евра и е удвоена во споредба со претходната споредбена година.

Во групата големи се уште две градежни компании и најголемиот битолски извозник на памет. Градежниците се Руд – Коп и Стентон градба. Првата има приход од 10,4 милиони евра што е за 92 отсто повеќе од лани, а остварила профит од 1,1 милиони евра што е за 57 отсто подобро од претходната година. Очигледно корона кризата од бизнис аспект не направила беља на фирмата на Пецо Стојаноски и Благој Крстевски.

Извозникот на памет е Интерворкс уште една успешна компанија основана од жена – Фанија Мемца. Лани ова друштво за компјутерско програмирање оствари приход од 4,8 милиони евра и профит од 1,06 милиони евра.

Годинава во конкуренција на најуспешните не е најголемата битолска компанија „Кромберт и Шуберт“ производителот на електронска и електрична опрема за возила. Лани оствариле приход т.е. извоз од 200,5 милиони евра што е за 19 отсто помалку од 2019 година, но годината ја завршиле со загуба од 422.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

СМЕДЕРЕВКА ОД МАКЕДОНИЈА ПРОДАВАНА КАКО ВРВНО ФРАНЦУСКО ВИНО, НАД 250 ЕВРА ПО ШИШЕ - енологот од Франција: Го мешаат со газирана вода и го пијат со плескавица на јаглен

СМЕДЕРЕВКА ОД МАКЕДОНИЈА ПРОДАВАНА КАКО ВРВНО ФРАНЦУСКО ВИНО, НАД 250 ЕВРА ПО ШИШЕ - енологот од Франција: Го мешаат со газирана вода и го пијат со плескавица на јаглен

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

КОЈ Е ШВАЈЦАРСКИОТ МИЛИЈАРДЕР КОЈ КУПИ ДВЕ КЛУЧНИ ПРИСТАНИШТА ВО ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Потрошија повеќе од 40 милијарди долари

КОЈ Е ШВАЈЦАРСКИОТ МИЛИЈАРДЕР КОЈ КУПИ ДВЕ КЛУЧНИ ПРИСТАНИШТА ВО ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Потрошија повеќе од 40 милијарди долари