19 Декември, 2025
0.1281

Кои се десетте најплатени професии, во случај ако сте работохолик

Business Insider прави листа со најплатените професии за работохолиците

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2016 19:53

Добивај вести на Viber

Ако работите многу повеќе од своите колеги и работата вe возбудува повеќе од семејство или било која друга активност, најверојатно сте работохолик.

Ако се прeпознавте во овој опис, можеби вреди да одделите време да најдете работна позиција која и ќе се исплати за сите тие екстра изработени часови.

За да даде одговор на овие прашања, Бизнис Инсајдер прави анализа на 478 работни позиции во САД според податоците на истражувањето на Центарот за население во Минесота. Врз основа на податоците од истражувањето просечниот Американец работи по речиси 40 часа неделно, а неговата годишна плата изнесува околу 50.569 долари.

Еве како изгледа листата на Business Insider:

10. Статистичари - Тие анализираат финансиските трошоци околу ризикот и неизвесноста.

Просек изработени часови неделно - 42,8

Просечен приход - 130.121 долари

9. Агенти за продажба на хартии од вредност, суровини и финансиски услуги - тие продаваат хартии од вредност на поединци и даваат консултантски совети на компании.

Просек изработени часови неделно - 44,7

Просечен приход - 133.042 долари

8. Консултанти во сферата на лични финансии - тие обезбедуваат совети за финансиско планирање на поединци.

Просек изработени часови неделно - 47,3

Просечен приход - 113.009 долари

7. Инженери во нафтениот и рударскиот сектор - тие спроведуваат истражувања кои дозволат карактеризација на површините, од кои ќе се добиваат нафтата и суровините.

Просек изработени часови неделно - 48

Просечен приход - 138.287 долари

6. Архитектонски и инженерски менаџери - тие планираат, управуваат и ги координираат активностите во архитектонски и инженерски компании.

Просек изработени часови неделно - 46,7

Просечен приход - 148.628 долари

5. Адвокати, судии и други правни лица - работат во областа на судските постапки.

Просек изработени часови неделно - 45,5

Просечен приход - 158.074 долари

4. Ортопеди - тие обезбедуваат медицинска нега при проблеми со долниот дел на нозете - стапала и зглобови.

Просек изработени часови неделно - 44,2

Просечен приход - 158,812 долари

3. Анестезиолози - вршат анестезија и ги следат виталните функции на пациентот.

Просек изработени часови неделно - 40,5

Просечен приход - 158.819 долари

2. Извршни директори - формулираат политики и дефинираат насоки на развој на компанијата.

Просек изработени часови неделно - 47,5

Просечен приход - 170.936 долари

1. Лекари и хирурзи - дијагностицираат и лекуваат повреди и болести.

Просек изработени часови неделно - 51,2

Просечен приход - 222.288 долари


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии