Кои се државни фирми – најголеми тендераши?
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2019
Пет државни фирми на вкупно 10 тендери набавуваат стоки и услуги за 54 милиони евра. Најмногу тендери во најголемите 30 јавни набавки има ЕЛЕМ, дури 5. Од државните органи најмногу тендери во најголемите 30 јавни набавки има СОЗР – 3 за купување услуги вредни над 10 милиони евра
ЕЛЕМ, ЈСП, „Македонијапат“, Државната видео лотарија и ЈПДП се петте државни фирми кои лани склучиле договори за најголеми тендери. Според официјални јавно достапни податоци, кои може да се видат на агрегаторот time.mk, во 30 тендери со најголема вредност во 2018 година горенаведените пет државни фирми имаат склучено 10 договори со избрани изведувачи, а вкупната вредност на тие 10 договори е речиси 54 милиони евра.
Најголемиот тендер го доби компанијата на градоначалникот на општина Пласница – „Пуцко петрол“ и тоа е набавка на дизел горива за потебите на скопскиот јавен автобуски превозник ЈСП вредна 15,35 милиони евра.
ЕЛЕМ е компанија со најголем збир на вредноста на тендерите пласирани во 30 најголеми. Имено, ЕЛЕМ има доделено 5 тендери во најголемите 30 тендери рангирани според вредност. Нивниот агрегат е 20 милиони евра. Најдобитна компанија кај ЕЛЕМ лани бил битолски „Пелистер“, сопственост на Силјан Мицевски. „Пелистер“ доби два договори вредни 8,6 милиони евра. И двата тендери се за ископ на јаглен. Битолската компанија „Марковски компани“ за ангажман по повик на механизација за ископ доби договор вреден 4,1 милиони евра.
Актуелната „Македонијапат“ е во конкуренција на најголеми нарачатели преку тендери. Во најголемите 30 оваа фирма, која треба да се грижи за над 4.000 километри државни патишта, има два тендери. За набавка на битумен за асфалтирање и крпење дупки склучи договор вреден 5,46 милиони евра, а за набавка на индустриска сол за чистење патишта во зимски услови ќе плати 2,43 милиони евра. Вкупната вредност на нарачките на „Македонијапат“ во оваа класификација е 7,9 милиони евра.
Државната лотарија со само еден тендер за набавка на видео лотариски терминали ќе плати 7,42 милиони евра. А Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за надзор на доградба на автопатот Кичево – Охрид ќе плати 3 милиони евра.
Колку плаќа СОЗР за хигиена, одржување и обезбедување?
Службата за општи и заеднички работи е најголем купувач на услуги преку тендерски постапки. Во најголемите 30 тендери дури 3 се на СОЗР. Нивната вкупна вредност надминува 10 милиони евра. Најголемиот тендер го доби „Серта“ и тој е за одржување хигиена и за тековно одржување државни објекти – министерства и органи на државната управа. Другиот тендер за исти услуги го доби „Бапал“, а тендерот за обезбедување го доби „Никоб“ и тој вреди 3,07 милиони евра.
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.