26 Јуни, 2024
0.0468

Кои се хероите на град Скопје за 2017?

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Најчесто при крајот на годината се прават листи на најдобри спортисти, економисти и политичари, но помалку внимание им се посветува на луѓето кои се дел од службите или пак тие кои несебично ја покажуваат својата хуманост на дело. На мала свеченост градот Скопје им ги додели признанијата на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител.

За најдобар пожарникар е прогласен Џеват Ибраими, командир на одделение  во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник за 2017 година е Зоран Павловски, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје, а за најдобар крводарител е прогласен Зоран Стојменовски.

Наградите ги додели Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје.

- Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи.Таа е дел од нашата етика. Скопје е Град на солидарноста и како таков ги негува традициите на хуманост и солидарност спрема сите оние на кои им е потребна помош. За таа цел Град Скопје дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела- истакна  заменик-градоначалникот Енвер Малиќи.

Тој, исто така, им честиташе на добитниците и ја изрази својата надеж дека овие награди освен за лична мотивација ќе послужат и како добар пример  во средината  во која живеат  и работат.

Пожарникарот Џеват Ибраими во текот на 2017 година се истакнал со особено ефикасно и успешно работење. Имено, во рамките на неговата работа учествувал во гаснењето на повеќе пожари и технички интервенции и придонел за намалување на материјалните штети, како  и  за спасување човечки животи.

Најдобриот полицаец за 2017 година е Зоран Павловски, вработен во Одделение за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје, кој во текот на 2017 година остварил надпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?