Кои се локалните трговци кои им откинаа 200 милиони евра на големите ланци супермаркети?
Објавено во: Економија 06 Јули, 2021
Голем успех е да изнајдеш начин, да извадиш кец од ракав и на големиот да му го земеш муштеријата од пред нос. Да го победиш на цена, да понудиш повеќе од него... Локалните трговци од десетина градови наоѓаат начин да конкурираат на големите ланци супермаркети. Им откинаа 200 милиони евра во ковид-годината! Тоа е голем успех!
Кои се локалните јунаци во трговијата мало кои не им се плашат и им излегуваат на мегдан на големите трговски ланци? И не само што не им се плашат туку некои од нив имаат и пристојни па дури и добри резултати од работењето. Познато е дека трговијата на мало е најконкурентната економска дејност во која секој ден секој продавач мора да се бори за да го придобие секој муштерија.
Официјалните достапни податоци покажуваат дека и за овие градски т.е. локални бизниси има простор „под сонцето“ и дека можат да се справат со силната конкуренција на „тешкашите“ односно големите компании за трговија на мало кои имаат супермаркети низ сите поголеми населени места низ земјава.
Вкупно 30 компании од Штип, Струмица, Струга, Охрид, Тетово, Велес, Свети Николе, Куманово, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Скопје и Кавадарци лани на големите ланци супермаркети им „откинале“ ниту помалку ниту повеќе но 200 милиони евра!
Очигледно е дека ширум земјава има храбри и искусни претпиремачи кои знаат да ја добијат и оправдаат довербата на своите соседи и сограѓани. „Фактор“ ги обработи официјалните податоци за 2020 година и ги подреди и рангира маркетите според градовите во кои работат или од кои потекнуваат (праг за рангирање е приход од најмалку 3 милиони евра во тек на 2020 година).
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.