14 Септември, 2024
0.1266

КОИ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ ИНДУСТРИСКИ МАГНАТИ И КОЛКАВИ ПРОФИТИ ПРАВАТ - УСЈЕ го предводи орото, еве кои се другите најдобри

Објавено во: Економија 15 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Полугодишниот билтен што го издаде Берзата за котиораните акционерски друштва, кои овој пат се поделени и по дејности, дава интересни податоци за тоа како секоја од нив стои поединечно. Од Берзата ги селектирале индустриските котирани акционерски друштва, кои се 35 на број. Податоците говорат дека од нив, со добивка работеле 27 компании, додека, пак, загуби направиле осум од нив.

Вкупната добивка на овие котирани акционерски друштва е 30 милиони евра. Што е вкупно помалку од профитот кој во првото полугодие од годинава го оствари најголемата македонска банка, Комерцијална, која прокнижи позитивен финансиски резултат од над 46 милиони евра.

Секако, овде треба да се спомене и фактот дека овие 27 акционерски друштва кои работеле со добивки сигурно имаат направено поголема сума на чист профит, но неколкуте загубари, чии минуси и не се воопшто така ниски, и кои го намалиле заедничкиот профит на македонската индустрија која котира на Берзата.

Инаку, треба да се спомене и дека, таков каков што е, заедничкиот резултат на 35-те компании од индустријата, а тоа е профит за шест месеци од 30 милиони евра, и тој во однос на истиот период лани е зголемен за 80,45 отсто.

Ајде сега да видиме кои компании се најпрофитабилни од македонската индустрија, а кои се котирани акционерски друштва.

На прво место е скопската цементарница УСЈЕ, со профит остварен за првите шест месеци од годинава на сума од 15,8 милиони евра, што е раст за 73,22 проценти во однос на истиот период лани. Симнуваме капа за УСЈЕ, така работи една успешна компанија, чиј профит само благо беше „чепнат“ за време на големата енергетска криза, кога значајно им се зголемија трошоците за енергија.

На второ место е Мермерен комбинат Прилеп, чии профит за првото полугодие е 7,85 милиони евра, што во однос на истиот период лани е раст за 26,52 проценти. Исто така одличен резултат, но и одличен раст за повеќе од една четвртина на полугодишно ниво.

Челичарскиот гигант Макстил се најде на трета позиција, со чиста добивка од 2,46 милиони евра. За жал кај нив, иако работеле одлично и бележат позитивен финансиски резултат, добивката е намалена во однос на истиот период од минатата година и тоа за 16,9 проценти, а од компанијата прилично прецизно и опширно ги наведоа причините за таквата состојба.

Веднаш зад Макстил со сличен профит е винарската визба Тиквеш, мајсторите на македонското вино, кои во првите шест месеци од годинава профитираа со 2,14 милиони евра. И, тие имаат уште една причина да бидат задоволни, а тоа е што нивната добивка во однос на истиот период лани е зголемена за 28,14 отсто.

Следува Адинг, исто така одлична и успешна компанија. АДИНГ е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за градежништвото, основана во1969 година. Нивниот профит бил 1,76 милиони евра во првото полугодие, што е одличен раст од 25,4 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Пекабеско е следен на листата со профитр за шест месеци од 1,35 милиони евра и раст од близу 5 проценти, Прилепска пиварница профитирала со 1,12 милиони евра што е за жал намалување за 33,45 проценти, потоа Грозд од Струмица има добивка од 677 илјади евра, што е одличен раст на добивката за близу 52 отсто, а чоколадната Европа имала чист профит од 460 илјади евра, што е порасрт за 24,3 отсто.

И, уште една компанија која вреди да се истакне иако по профитот се најде на 10 позиција, а таа е БИМ Свети Николе, чии профит бил 453 илјади евра, но затоа ова претставува фантастичен раст во однос на истиот период лани, или за цели 225 проценти. Главна дејност на БИМ АД Свети Николе е производство на материјали за хидроизолација на база битумен. БИМ АД Свети Николе е единствен производител на битуменски хидроизолациони материјали во Македонија.

За разлика од нив, најголем загубар бил Либерти, со загуба од 3,51 милиони евра, што е навистина гхолем негативен финансиски резултат. Тутунски комбинат Прилеп имал загуба од 969 илјади евра, додека лани во тој период работеле профитабилно, а ФЗЦ 11 Октомври Куманово имале профит од 584 илјади евра. Од 35 компании во индустријата, со загуба во првото полугодие од годинава работеле осум акционерски друштва.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

УРИВА РЕКОРДИ: Колку чини унца злато?

УРИВА РЕКОРДИ: Колку чини унца злато?

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите

Унгарскиот заем од 500 милиони евра помина на Комисија, ја свика Гаши

Унгарскиот заем од 500 милиони евра помина на Комисија, ја свика Гаши

Стопанска комора на Северна Македонија – Конзорциум „Бехтел ЕНКА“ - Разговор за соработката и за интеграцијата на домашните компании во инфраструктурните проекти од значење

Стопанска комора на Северна Македонија – Конзорциум „Бехтел ЕНКА“ - Разговор за соработката и за интеграцијата на домашните компании во инфраструктурните проекти од значење

ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА - особено на странските пазари

ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА - особено на странските пазари

Кирил Величковски нов генерален директор на Империал тобако

Кирил Величковски нов генерален директор на Империал тобако

„АКО САКАМЕ ИСТИ ПРАВИЛА, ТРЕБА ДА УЖИВАМЕ ИСТИ ПРИДОБИВКИ“: Бугарија, Грција и Романија ќе бараат исплата на компензација од ЕУ за повисоките цени на струјата

„АКО САКАМЕ ИСТИ ПРАВИЛА, ТРЕБА ДА УЖИВАМЕ ИСТИ ПРИДОБИВКИ“: Бугарија, Грција и Романија ќе бараат исплата на компензација од ЕУ за повисоките цени на струјата

СЕ ДЕФИНИРА КОЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ГРАДЕЖНО – ќе се менува Законот, еве што се се предлага

СЕ ДЕФИНИРА КОЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ГРАДЕЖНО – ќе се менува Законот, еве што се се предлага

Димитриеска Кочоска: Благодарност до директорката на УЈП за успешната акција во Струмица

Димитриеска Кочоска: Благодарност до директорката на УЈП за успешната акција во Струмица