25 Ноември, 2024
0.0300

Кои се најголеми и кои се најуспешни компании во Прилеп?

Објавено во: Финансии 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Колку македонски градови и нивни соседни рурални општини можат да се пофалат дека лани имале над 45 компании кои направиле профит еднаков на или поголем од 100.000 евра? Затоа Прилеп може да се гордее со својата економија и стопанственици кои и во вакви услови лани успеале да завршат добра работа. На пример најголемите пет прилепски фирми лани имаат кумулативен приход што надминува 190 милиони евра

Прилеп лани имал 46 компании кои оствариле профити од најмалку 100.000 евра, ова е официјален податок од базата на ЦРМ. Во Прилеп царува приватната иницијатива затоа што на една рака се бројат државните фирми кои имаат профит што е поголем од 100.000 евра. Овој показател, колку и да е сложена и тешка економската состојба покажува дека Прилеп има силна економија. Може да се каже дека Прилеп е значаен економски центар на југозападна Македонија. Прилепската економија и особено приватната иницијатива е рамо до рамо ако не и посилна од соседната на најголемиот пелагониски ривал Битола (секако ако од рангирањето се исклучи РЕК Битола најголемиот производител на електрична енергија во земјава).

Кои се најголемите прилепски компании?

Странската инвестиција ГЕНТЕРМ специјализирана за производство на електрична и електронска опрема за светските автомобилски гиганти лани имала најголеми приходи од сите прилепски компании. Тие се во ранг на 2018 година и лани изнесуваат 57 милиони евра. Добивката на оваа компанија еден од најголемите работодавци во Пелагонија е 5 милиони евра и е двојно поголема од претходната година.

Македонскиот прехранбен гигант „Витаминка“ лани бележи раст на приходите за 10 отсто во споредба со 2018 година. Тие достигнале 40,9 милиони евра и таа е втора најголема и воедно најголема домашно поседувана компанија во пелагонискиот регион. Оваа успешна компанија, во која најголеми поединечни акционери се тројца членови на семејството Наумоски (поседуваат над 41 отсто од акциите н.з.) лани има профит од 282.000 евра.

Во големата тројка според остварените приходи е најголемата компанија за производство на мермер Мермерен комбинат (доминантно поседувана странска компанија). Лани нејзиниот приход изнесува 36,5 милиони евра и е за 10 отсто понизок од 2018 година. Добивката е 20 милиони евра што ја прави најпофитабилна пелагониска компанија.

Во големата петорка е единствената домашно поседувана пиварница производителот на пивата „Златен Даб“ и „Крали Марко“ и меѓу другите безалкохолни пијалоци на прочуената „Газоза“. Прилепска пиварница лани остварила приход од 31,6 милиони евра што е на ниво од 2018 година, а профитот на компанија во која најголеми акционери се братот и сестрата Самарџиоски (имаат над 72 отсто од акциите н.з.) лани бил 326.000 евра.

Најголемата прилепска текстилна индустрија и лани е Комфи Ангел, поседувана од четири странци и едно домашно физичко лице. Ова друштво лани остварило приход од 27,7 милиони евра (11 отсто подобро од 2018 година) и профит од 1,4 милиони евра што е за 31 отсто подобар резултат од претходната година.

Лани рамо до рамо со грчката тутунска компанија СЕКЕ по долги години е и државниот Тутунски комбинат Прилеп. Двете друштва специјализирани за производство и преработка на тутун (најконвертибилниот прилепски производ заедно со мермерот) оствариле приходи од по 17,9 милиони евра. Добивката на македонската државна компанија е 638.000 евра што е фантастичен резултат за компанија која години наназад работи со загуби. СЕКЕ лани имал профит од 443.000 евра што е за 52 пати подобар резултат во споредба со претходната година.

И уште една домашно поседувана трговска компанија во друштвото на најголемите (т.е. компаниите кои оствариле приход поголем од 10 милиони евра). Тоа е Футура компанија чија дејност е трговија на мало. Нејзини сопственици се Душан Качкиноски и Тони Тарунџиоски. Прометот на ова трговско друштво лани изнесува 13,2 милиони евра што е за 15 отсто подобар резултат од претходната година. Добивката на фирмата лани е повисока за 31 отсто од 2018 година и изнесува 136.000 евра.

Како што напишавме во лидот на текстот Прилеп е град со 45 компании кои имале профити поголеми од 100.000 евра. Еве табеларен приказ на неколку успешни компании кои создаваат нова вредност за прилепската економија:


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен