Кои се најголемите македонски банки? Располагаат со 6,3 милијарди евра вредна актива!

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2023 08:10
Секоја од трите најголеми банки во 2022 година, во просек, во македонската економија вбризгале по 100 милиони евра кредити, а вкупно нивните кредитни пласмани надминуваат 3,5 милијарди евра. И кај трите најголеми банки видлив е трендот на намалено вложување во државни обврзници
Во структурата на македонскиот банкарски систем продолжува доминацијата на трите најголеми деловни банки, покажуваат официјалните финансиски податоци кои деновиве ги објавија „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Комерцијална банка“.
Трите најголеми банки меѓусебно делат над 60 отсто од целиот банкарски пазар. Трите банки заедно за 2022 година генерирале добивка од 114 милиони евра. Според финансиските резултати овие банки и во 2022 година ќе бидат меѓу најуспешните македонски компании.
Овие банки се најмоќните финансиски институции во земјава. Нивната заедничка актива на крајот на минатата година вреди 6,3 милијарди евра. Најголема македонска банка според вкупната актива и лани, како и годините претходно, е Комерцијална банка. Нејзината актива изнесува 2,45 милијарди евра.
Трите банки заедно во кредити на населението и на фирмите пласирале 3,52 милијарди евра. Најголем кредитор лани е Стопанска банка Скопје. Нејзиното кредитно портфолио во националната економија вреди вкупно 1,4 милијарди евра. Воедно Стопанска банка Скопје и понатаму останува најголем кредитор на населението.
Комерцијална банка останува да биде најголем чувар на парите на македонските граѓани и фирми. На крајот на 2022 година во депозити и штедни влогови се чуваат 2,17 милијарди евра. Трите банки заедно на крај на минатата година чуваат речиси 5,2 милијарди евра.
Трите банки од камати лани заработиле 171 милиони евра. Најголемо учество има Стопанска банка Скопје, а тоа е заради структурата на клиенти во која, како што се знае, доминираат физичките лица.
Од аспект на провизиите и надоместоците, како втор најголем извор на приходи, лани најдобар резултат во конкуренцијата на трите најголеми има НЛБ Банка со реализација од 20,5 милиони евра.
Трите најголеми банки имаат и релативно изедначени добивки од работењето. Во мртвата трка меѓу две од нив Стопанска банка има 39,7 милиони евра профит што е за само 0,1 милиони евра подобро од НЛБ Банка.
Можеби ќе ве интересира
МАЛА ИМ Е ПЛАТА ОД 3.000 евра: Германија ја напуштаат сè повеќе луѓе, главно незадоволни работници од оваа професија

МАСК ИЗГУБИ 145, ГЕЈСТ 3, А ЦУКЕРБЕРГ 28 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Овој милијардер беше единствениот што заработи по царините на Трамп

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ЈА „КУТНАА“ И МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА - црвената боја завладеа, паѓаат акциите и на најмоќните

ЗОШТО ТРЕБА ДА ВИ БИДЕ ГРИЖА ЗА ПАДОТ НА БЕРЗИТЕ ДУРИ И АКО НЕМАТЕ АКЦИИ: „Ова е крвопролевање“, велат експертите за падот на азиските пазари

ПРОДОЛЖУВА СТРМОГЛАВИОТ ПАД НА БЕРЗИТЕ - пазарниот хаос предизвикан од тарифите сè уште не е завршен

НАЈНОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ГРАДОВИ СО НАЈМНОГУ МИЛЈАРДЕРИ - предводи Њујорк, еве колкаво богатство имаат поединечно
САМО ЕДЕН ДЕН ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ТАРИФИТЕ: Најбогатите луѓе во светот изгубија 208 милијарди долари

СЕ ОГЛАСИЈА „ПЕЛИСТЕРКА“ И „ТИМОХ“ ДО АКЦИОНЕРИТЕ: Стопанска банка Битола не е на продажба, не постои таква одлука на акционерско Собрание

ПАНИКА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Трговската војна на Трамп ги уништува индексите ширум светот - скокна и ИНДЕКСОТ НА СТРАВ!
