КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ШТЕДАЧИ ВО ЕВРОПА: Од приходите дури 20 отсто ставаат на страна
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2023 16:03
Податоците на
Евростат покажуваат колку граѓаните на одредени европски земји издвојуваат од
вкупниот приход за штедење во 2022 година.
Хрватите заштедуваат речиси двојно повеќе пари од платата во споредба со европскиот просек, покажуваат податоците на Евростат за 2022 година. Во просек заштедиле 6,4 отсто од вкупниот приход, додека во Европа просечната заштеда е 12,7 отсто. Кипар и Португалија се на исто рамниште со Хрватска.
Најголеми штедачи се Германците и Холанѓаните, кои заштедиле 19,9 и 19,4 отсто од приходите. Полјаците и Грците беа на самото дно на рангирањето бидејќи имаа негативни стапки на штедење во 2022 година, што значи дека просечните трошоци на домаќинствата во овие земји беа повисоки од просечните приходи. Полските домаќинства потрошиле 0,8 отсто повеќе отколку што заработиле, додека Грците дури четири отсто повеќе.
ФОТО: Unsplash/Markus SpiskeМожеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




