22 Ноември, 2024
0.0273

Кои се најплатени работни места во осигурувањето?

Објавено во: Економија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Четири од пет најплатени работни места во осигурувањето се резервирани за актуарите. Американската осигурителна индустрија е најсилна во светот и со тоа и најпосакувана за вработување. И кај нив платите не се кријат. Напротив тие се статусен симбол и јавен доказ и признание за тоа колку се вреднува трудот според неговите работни вештини. Прочитајте ги најплатените работни места во осигурувањето подолу... 

Осигурувањето е водечка финансиска гранка во развиените економии на западниот свет. Главната услуга што ја нуди оваа финансиска индустрија е превземање на ризикот од осигуреникот за соодветна цена која стручно терминолошки се вика премија.

Американскиот пазар на осигурување, глобално, важи за најразвиен во светот. Всушност компаниите за осигурување од оваа високоразвиена земја се присутни на глобалниот односно светскиот пазар на осигурување. Заради тоа и вработените во тие компании важат за добро платени, а нивните места за многу посакувани и во глобални рамки. Во САД е работа на признаен успех и статус во општеството висината на платата. Ние сме спротивност од светското правило и кај нас платите се кријат како што змијата ги крие нозете, а тоа го прават особено и највеќе тие што се најдобро платени.

Најновото издание на една од најголемите платформи за барање работа во развиениот свет ЗИП Регрутер (Zip Recruiter) за која има повеќе податоци на следниот линк About Us | ZipRecruiter направи рангирање на најбро платените работни места во американската осигурителна индустрија.

Рангирањето е правено за плати во 2023 година.

Во првите пет најплатени четири работни места се за актуари!

Најдобро платен работен профил во САД е актуар – консултант. Овој специфичен профил е специјализиран за висококвалитетни финансиски совети за процени на ризици. Неговата работа е прибирање и анализа на податоци и понуда на решенија за дадени предизвици. За да стекне квалификација на актуар – консултант на пазарот во САД овој стручњак (најчесто се математичари н.з.) мора да има повеќегодишно актуарско искуство и врвни познавања од областите на финансиска ревизија и на моделирање ризици. Негова привилегија е тоа што може да работи и како фриленсер. Платата? До 160.000 евра годишно односно 13.330 евра месечно.

Актуар специјалист за животно осигурување е вториот најдоброплатен стручен профил во американската осигурителна индустрија. Негова главна задача е одредување на цената на полисата за осигурување живот со цел минимизација на трошоците и на ризикот. Платата е до 139.000 евра годишно односно 11.600 евра месечно.

Втората позиција со специјалистот за живот ја дели неговиот колега актуар специјализиран за утврдување на висината на премијата (цена на осигурувањето). Негова главна задача е преку анализа на податоци и користејќи ги своите математички вештини во пресметка на ризиците да ја дефинира цената на осигурителниот производ. Платата достигнува до 11.600 евра месечно.

Финансиски директор во автомобилско осигурување е единствениот профил во петмината најплатени кој не е актуар. И не работи во осигурителна компанија туку во фирма која продава автомобили. Негова основна работа е осмисли, понуди и убеди купувач да купи најсоодветно осигурување за својот нов автомобил. Платата за овој профил е до 135.000 евра годишно односно 11.200 евра месечно.

Актуарот во американската осигурителна индустрија врши обликување и процена на финансиските ризици на идни настани користејќи SQL бази и ексел. Актуарот на ова работна позиција за разлика од претходните не работи на дефинирање на цените за осигурителните производи. Нивната главна дејност е програмирање или примена на софтверите за управување со ризиците. Најголемата плата на таа работна позиција е 128.000 евра годишно односно до 10.700 евра месечно.

Менаџерите за осигурување задолжени за управување на дневно ниво со деловните активности на осигурителните друштва оваа година може да очекуваат годишна плата до 116.000 евра. Односно до 9.700 евра на месечно ниво. Нивна главна задача е мониторинг на работата, скрининг на деловните процеси и развој на модели за процена на финансиските ризици што ги превземаат компаниите за осигурување.

Агент специјализиран за осигурување несреќни случаи е следниот најдобро платен профил во американската осигурителна индустрија. Нивната годишна плата достигнува до 112.000 евра, а главна работа е процена на барањата за лично или комерцијално осигурување.

Колку е развиен американскиот систем на осигурување доволно говори тоа што имаат специјалист – здравствен актуар. Нивната работа е анализа на здравствени податоци во комбинација со главни пазарни трендови. Работата за која се платени е на високиот менаџмент да му целта е подготват решенија и предлози за стратешките финансиски планови. Исто така работат на проценка на предмети, а даваат мислења и за медицински обрасци за нови ризици и продукти. Платата за овој профил е до 108.000 евра годишно односно 9.000 евра месечно.

Следен профил е директор за штети. Неговата работа е на оперативно ниво да ја организира и води работата организациските единици за штети. Воедно ги планира и долгорочните активности на организациската единица. Платата е до 107.000 евра годишно односно 8.900 евра месечно.

Во најплатените десет работни места е главниот проценител на штети. Неговата приоритетна работа е анализа на штетни настани. Платата е до 106.000 ера на годишно ниво односно 8.800 евра месечно. 

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат