19 Декември, 2025
0.1624

Кои се најпознатите убиства во Македонија

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2018 10:19

Добивај вести на Viber

Пукање, бркотница, апели за помош, бегство. Во синоќешната претрелка загинаа двајца. Целиот случај ги загрижи граѓаните кои се наоѓале на лице место затоа што во тоа време имало многу луѓе надвор. Сепак Македонија сведочела уште на десетина навистина филмски убиства - убиствата на Брус, на Џељо, на Леку,  убиството кај скопската Зоолошка.

Лани во август беше убиен некрунисаниот крал на проституцијата на Балканот, Дилавер Бојку – Леку со со истрел во чело, среде бел ден, на плажа во Струга. Непознатиот напаѓач, веднаш по убиството, се качил на моторот со кој и дошол, и избегал во непознат правец.

Миле Хаџиски во 1993 година, кога имаше само 21 година ја уби Мери Јошевска нанесувајќи и 40 убоди со нож по целото тело. Тоа беше едно од најсуровите убиства во Македонија кое се случи на 18 јуни 1993 година на булеварот „АВНОЈ“ бр. 104 во Скопје. Расправијата меѓу Хаџиски и Јошевска почнала напладне во нејзиниот стан. Тој најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по глава. Потоа со кујнски нож почнал да ја боде во пределот на главата и стомакот. 

Ацо Боцевски, познат како Аце Циганот, среде бел ден ладнокрвно со неколку истрели од пиштол го уби скопјанецот Сеат Ибраими, во 1998 година. На убиството му претходеше неколкуминутна автомобилска брканица низ градските улици. Автомобилот “мерцедес”, кој го управуваше Ибраими, излета од патот во близина на зградата на Осигурителната компанија “Кју-би”, веднаш зад него запрела корветата зад чиј волан седеше Циганот. Тогаш Циганот излегол од автомобилот го вперил пиштолот кон својот сопарник и ја испразнил рамката од оружјето.

Марјан Тушевски – Боксер (37) и Кире Јанев – Бамбус (23) беа убиен ноќта меѓу 10 и 11 јули  во 2001, пред кафулето “Панта реи” во близина на кафе барот “Витраж”, пред полноќ на платото меѓу зградите на улица Атинска во скопската населба Тафталиџе, како што тогаш објави полицијата од двајца професионални егзекутори.

На убиството на Тушевски и Јанев имало и очевидци. Според тогашните пишувања убијците прво пукале во нозете на Тушевски, тој молел да не го убијат, но еден од убијците му го ставил пиштолот во устата и истрелал еден куршум. Втората жртва, Јанев почнал да бега, но убијците го стасале кога се обидувал да се прекачи преку оградата од подземните гаражи. Пукале во неговиот тил“.

Во престрелка со полицијата во скопската населба Карпош, како што соопшти министерството за внатрешни работи, на 21 ноември 2003 година беше убиен Диме Ицковски Поштарот, обвинет за повеќе кривични дела. До престрелката, според МВР, дошло кога при обидот да биде уапсен, Ицковски отворил оган и притоа ранил еден полицаец. 

Триесет и шестгодишниот Горан Георгиевски – Мујо, еден од командантите на единицата „Лавови“, беше убиен на 4 април 2005 година, во инцидент што се случи пред ноќниот клуб “Линка”, на улицата “Иво Лола Рибар”, во Куманово. Убиен е и дваесет и шестгодишниот Ненад Вељковски – Чавка. Мујо починал на самото место, а Ненад во болница, во Скопје. Со прострелни рани се здобиле Роберт Иванов (34) и сопружниците Драган Илиќ (34) и Марина Илиќ (33). Роберт е ранет во нога и е хоспитализиран во Клиничкиот центар.  Во Мујо, Ненад, Роберт, Драган и Марина и во уште четворицата други кои таа ноќ биле пред “Линка”, пукал Горан Стојановски, газдата на локалот.

Ѓорги Топаловски од Скопје, по куса расправија на булеварот Илинден, кај Зоолошката градина, во Скопје, со по два куршума ги уби Андреј Филип – Џиџи (35) и триесетгодишниот Новица Благоевиќ – Моско од Скопје, а потоа со својот автомобил ги газеше телат на убиените.

Според полициските информации, Топаловски на 22 ноември 2007 година, ги убил двајцата скопјани бидејќи подолго време им должел 10.000 евра кои му ги дале под лихва, а на убиството му претходела кавга поради тоа што двајцата лихвари дознале за планот на Топаловски дека ќе избега кај жена му во Србија без да им го плати долгот.

Во септември 2010 година, во скопската населба Аеродром, кога скопјанецот Тони Денковски, со калашников ги изрешета Јордан Јорданов – Ркулот, Влатко Милошев и Влатко Андреевски, кои седеле во рибниот ресторан „Биг фиш“. Тој следниот ден сам се пријавил во полиција откако од роднините разбрал дека полицијата трага по него.

Џељал Ајети беше убиен на 29 ноември 2013 година, пред чајџилницата „Џељо“ во скопско Ченто. Според тогашните полициски информации, непознат маскиран напаѓач влегол во чајџилницата и почнал да пука со автоматската пушка. На лице место бил убиен Џељал, а две лица со тешки повреди беа префрлени во болница.

Џељо на македонската јавност ѝ стана познат по жестоката пресметка со фамилијата на убиениот Миле Петковиќ – Брус од скопско Маџари, познат и како „Босот од Маџари“. Според тогашните полициски информации, нетрпеливоста меѓу семејствата Петковиќ и Ајети почнала во март 2013 година, кога, по кавга за нарачана песна, но и за стар долг од неколку илјади евра, се случи голема пукотница во ресторанот на сега покојниот Миле Брус. Во таа пресметка потешко беше ранет Неџмедин Ајети, кој по неколку дена минати во болница им подлегна на повредите. Осомничени за тоа убиство, наводно, тогаш биле сега веќе убиениот Миле Петковиќ, неговиот брат, синот и зетот. Првите тројца извесно време минаа во затворот во Шутка, но само зетот Дејан Јовановски беше задржан.

Кирил Ристески од Скопје ги застрела своите две девојки Марта Перин и Виолета Талевска, а потоа се сабоуби, наводно проади љубовен триаголник.

Пред да ја застрела Марта, Кирил ја уби својата свршеница, дваесет и седумгодишната Виолета Талевска. Тој ја застрелал во глава, а убиството го извршил пред очите на својата осумдесет и четиригодишна баба, која случајот го пријавила во полиција“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот