25 Април, 2024
0.0298

Кои се новите директори на „Пелистерка“? Ќе работат за паушал од 10 илјадарки месечно!

Објавено во: Економија 04 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Одлуката за рационализација на паушалите на менаџерите не треба да изненадува особено ако се знае актуелниот економски амбиент и непредвидливите и растечки цени на сите продукти, а особено на енергенсите. Решението на акционерите и на менаџерите кои ја прифатиле одлуката е за поздравување особено ако се гледа низ призмата на тоа што сега е најважно да се обезбеди континуитет во работењето и со тоа да се зголемува пазарното учество на оваа компанија која е македонски бренд и лидер за производство на природна газирана минерална вода и во последните петнаесетина години освежителни пијалоци - сокови

Седум членови на Одборот на директори на позната македонска компанија за безалкохолни пијалоци „Пелистерка“ прифатија и ќе работат за месечен паушал од 10.000 денари. Износот на месечниот надоместок е дел од одлуката со која се назначени новите членови на раководното тело на оваа успешна домашно поседувана компанија. Изборот на новите членови е извршен на 30 јуни годинава, а одлуката е усвоена откако ја одобриле 87 отсто од акционерите на „Пелистерка“.

Од почетокот на овој месец седуммината членови на одборот на директори ќе добиваат месечен паушал во нето износ од 10.000 денари, а компанијата ќе им ги покрие и сите други трошоци како и другите права кои произлегуваат од вршењето на функциите, а се однесуваат на користење работни простории, возила и други потребни средства за работа. Мандатот на членовите на Одборот на директори е шест години.

Од почетокот на овој месец „Пелистерка“ ќе ја води Дејан Панделески со својство на извршен член на Одборот на директори, а другите неизвршни членови се: Зоран Илоски, управител на една од најголемите млекарници „Здравје Радово“, Димитар Митревски, вработен во компанијата повеќе од 16 години и истакнат ракометен судија, Андон Симуноски, сопственик на компанијата БАС Комерц од Гостивар, Снежана Ѓоргиева директорка за маркетинг и продажба во „Пелистерка“ осум години наназад, Габриела Петреска, која меѓудругото била и поранешна новинарка во МИА и Катерина Ѓорѓиевска.

„Пелистерка“ АД Скопје постои повеќе од 60 години и е основана како претпријатие за лозарство и производство на вино порано позната како „Лозар Битола“. Од 1968 година компанија започнува да произведува и амбалажира газирана вода од изворите на Баба Планина, а брендот се нарекува „Пелистерка“. И после шесет години брендот „Пелистерка“ е број еден македонска т.е. домашно произведена газирана минерална вода, артикал што секојдневно е на трпезите на бројни македонски семејства. Палетата на производи на „Пелистерка“ од 2008 година е проширена со газирани и негазирани пијалоци – сокови, а компанијата произведува и вино, а има и сопствена винарска визба.

Најголем акционер е ЦИП Продукт од Скопје компанија што контролира 87 отсто од акциите со право на глас. Околу 130 домашни физички лица поседуваат околу 12 отсто од акциите со право на глас.

Минатата година за „Пелистерка“ беше исклучително добра од аспект на остварениот приход од продажба кој достигна околу 7 милиони евра што е за 30 отсто подобар резултат од коронарната 2020 година. Добивката на „Пелистерка“ лани надмина 310.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ