Кои се пратениците на СДСМ кои не гласаа за измените на законите за СЈО?
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
Пред денешното распуштање на Собранието, од страна на пратениците на владејачката партија беа отфрлени законските измени кои ги побара Специјалната обвинителка Катица Јанева, односно оние кои се однесуваа за заштита на сведоци и за продолжување на мандатот на СЈО
Против гласаа 56 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а поддршка на предлогот дале 50 останати пратеници.
Од документот објавен на страницата на Собранието сепак, може да се види дека за барањата на Катица Јанева, не гласале тројца пратеници на СДСМ. Тоа се пратениците Милена Ѓоргиева, Миле Андонов и Ален Георгијев.
Ова е инаку второ одбивање на предлогот за закононите за СЈО, откако еднаш веќе беше поднесен од страна на СДСМ, а денеска пред пратениците го достави лидерот на ДС, Павле Трајанов.