Кои се следните чекори за промена на Уставот?
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2018 08:17
Секој од четирите амандмани, со кои ќе се интервенира во Уставот, кои
ќе ги подготви Владата треба да поминат низ претрес во две комисии во Собранието,
а расправата по нив може да трае по три дена.
Потоа, Собранието утврдува нацрт на секој амандман и се отвора јавна дискусија. Во
таа дискусија, пратениците може да поднесат амандмани на амандманите.
Претрес на амандманите на уставните амандмани, повторно се врши во две комисии,
по што Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани.
По ова следува конечната седница на усвојување на уставните амандмани со
двотретинско мнозинство. Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, но според премиерот Зоран Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




