22 Ноември, 2024
0.0289

ЌЕ ИМА ЛИ РАДОСНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА ОКТА, ЌЕ СЕ ДЕЛИ ЛИ ДИВИДЕНДА ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА - еве по колку би зеле грчки ЕЛ.П.ЕТ и „Пуцко петрол“

Објавено во: Економија 12 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Рафинеријата ОКТА да исплати дивиденда на вкупна сума од три милиони евра. 

Ова е предлог на еден од позначајните акционери во ОКТА, компанијата Пуцко Петрол, која поседува над 10 отсто од акциите. За таа своја намера компанијата ја информираше инвеститорската јавност преку Македонската берза. Дивидендата од три милиони евра би се исплатила од акумулираната добивка од претходните години, соопшти Пуцко Петрол.

За овој предлог на акционерот Пуцко Петрол, сепак, би требало да гласаат акционерите на Годишното собрание на акционери, што ќе се одржи на 30 мај оваа година.

Притоа се информира дека предлогот е да се одобри исплата на дивиденда од кумулативна акумулирана добивка од претходните години, во вкупен бруто износ од 184.506.480 денари или приближно три милиони евра, односно дивиденда во бруто износ од 218 денари по акција.

Ова значи дека солиден износна дивиденда би добил и доминантниот акционер на скопската рафинерија, а тоа е грчката компанија ЕЛ.П.ЕТ. Балканике петролеум, која поседува најголем и управувачки пакет од 81,51 отсто од акциите, како и „Пуцко петрол“ од Пласница, компанија трговец со нафтени деривати, која располага со 10,87 отсто од обичните акции на ОКТА. Или, според пресметките, „Пуцко петрол“ би требало да добие дивиденда во износ од 326 илјади евра за своите акции во ОКТА.

Покрај акциите со кои располагаат ЕЛ.П.ЕТ Балканике и „Пуцко петрол“, во компанијата акционери се и 1.279 домашни физички лица, кои поседуваат 6,97 отсто од акциите, како и 20 странски физички лица, кои располагаат со 837 акции.

„Акционерите на ОКТА АД Скопје ќе бидат известени за исплатата на дивидендата преку објава на Одлуката за утврдување на дивиденден календар на интернет страницата на ОКТА, како и на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Оваа одлука влегува во сила на денот на донесувањето“, се вели во објавата од рафинеријата, а што е предлог на Пуцко Петрол.

Во образложението на предлог одлуката, од овој акционер потенцираат дека компанијата оваа дивиденда може да си ја дозволи, бидејќи од претходните години има доволно акумулирана добивка, или прецизно дури 33,6 милиони евра, и тоа е сума без да се смета добивката од претходната 2022 година. Така што, сметаат од Пуцко, во оваа сума има доволно средства за да се подели дивиденда од три милиони евра.

„Имајќи предвид дека согласно финансиските извештаи за 2022 година, заклучно со ден 31.12.2022, без добивката од 2022 година, ОКТА АД Скопје има кумулативна акумулирана добивка достапна за распределба во вкупен износ од 2.067.823.554 денари (33,6 милиони евра – н.з.), сметаме дека друштвото има доволно достапна акумулирана добивка за распределба на дивиденда во предложениот износ“, се вели во Предлог одлуката на Пуцко за одобрување за исплата на дивиденда.

Во предлог одлуката за утврдување на дивидендниот календар, пак, се наведувадека на акционерите на рафинеријата ОКТА ќе им биде исплатена дивиденда од 218 денари по акција, која ќе биде исплатена во готово на нивните трансакциски сметки. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 21 јуни годинава, а последен датум на тргување без право на дивиденда е 22 јуни. Датумот на кој се определува листата на акционери со право на дивиденда ќе се утврди врз основа на акционерската книга на 23 јуни до 16 часот. Исплатата на дивидендата ќе се случи почнувајќи од 26 јули годинава, а не подоцна од 30 септември, исто така оваа година.

Инаку, за минатата година, ОКТА оствари добивка од девет милиони евра, но одлучи да ја реинвестира во производство на електрична енергија. Имено, со сумата од добивката, ОКТА ќе гради фолема фотонапонска централа од 12 мегавати.За овој бизнис потег ќе бидат искористени сопствените ресурси.

„Како дел од долгорочната деловна стратегија на Друштвото за транзиција кон деловни активности на зелена енергија, ОКТА веќе има инвестиции во фотонапонски електрани кои ги опслужуваат потребите на одредени потрошувачи, а исто така ја продава произведената електрична енергија на трговците со електрична енергија. За овие инвестиции ОКТА веќе поседува лиценца за вршење на енергетска дејност - производство на електрична енергија и посебна лиценца за вршење на енергетска дејност – трговија со електрична енергија. Следејќи ја дефинираната стратегија, Друштвото има намера значително да ги подобри можностите за производство и продажба на електрична енергија, со инвестирање во изградба на 12мВ фотонапонска централа на свое земјиште, за производство и продажба на електрична енергија добиена од сончева енергија, наменета за продажба на своите клиенти, и помал дел за задоволување на сопствените потреби од електрична енергија“, објави ОКТА.

Од таму додадоа дека веќе е започната постапката за прибирање на понуди од оператор кој ќе ја изгради фотоцентралата, а деловниот потфат ќе донесе и „заштеда“ во смисла на тоа дека нема да се плати данок на добивка, затоа што целокупниот годишен профит ќе се реинвестира. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени