26 Ноември, 2024
0.0251

КОИ СЕ ТИЕ СРЕЌНИЦИ: Во земјава има 28 илјади граѓани кои во банките чуваат по над 30 илјади евра

Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во земјава има околу 28 илјади граѓани кои во домашните банки чуваат суми од над 30.000 евра. Ова го покажуваат податоците во последниот извештај на Фондот за осигурување на депозити, кој се однесува заклучно со првите шест месеци од оваа година. Треба да се напомене дека овој извештај е направен заклучно со јуни годинава, пред прогласувањето на стечај врз Еуростандард банка.

Што покажува полугодишниот Финансиски извештај на Фондот кој се однесува на првото полугодие од годинава?

Во нашите банки, тогаш 15 на број, односно пред пропаста на Еуростандард банка, вкупните штедни влогови на населението изнесувале 4,72 милијарди евра.

Од нив, штедачите кои чувале во банките суми до 30.000 евра, имале вкупни депозити од 2,54 милијрди евра, и такви биле 2.769.058 штедачи. Со оглед што во земјава нема повеќе од два милиони граѓани, иако одамна не е направен попис, ова покажува дека многу од граѓаните имаат по повеќе штедни партии, најверојатно распоредени по различни банки. Тоа е и оправдано, бидејќи така се прави дисперизија на ризик, со оглед што Фондот за осигурување на депозити согласно законите ги обештетува штедачите до максимум 30.000 евра.

Сепак, има и штедачи кои во нашите банки чуваат износи над 30.000 евра. Такви се помал број штедачи, или точно 28.486 штедачи. Но затоа вкупната сума пари што тие ја имаат во банките воопшто не е за потценување, и таа изнесува 2,18 милијарди евра. Ако овој износ се подели со бројот на овие штедачи, или 28.486, се доаѓа до податок дека нивните просечни заштеди во банките се нешто над 76 илјади евра. Но, тоа е само просек, при што некои штедачи имаат можеби по 35 илјади евра, а некои многу повисоки суми, па дури и до 500 и повеќе илјади евра.

Инаку, во овие 28.486 штедачи влегуваат и оние 780 штедачи од Еуростандард банка, чии влогови останаа заглавени во пропаднатата банка, а според нашите информации, нивната вкупна сума е 25 милиони евра. Тие добија назад само по 30 илјади евра од Фондот за депозити, а остатокот од парите го побаруваат од стечајната маса. Со оглед што таа не е доволна за да се покријат нивните депозити во целост, штедачите ги бараат парите од државата, односно од буџетски средства. Но, власта и премиерот Зоран Заев го отфрлија тоа барање, со образложение дека не е законско, а на тоа се спротивствауваат и меѓународните институции.

А Фондот вчера соопшти дека штедачите од Еуростандард банка веќе си подигнале 77 отсто од парите предвидени за нивно обештетување, или 52 милиони евра. Остатокот сигурно имаат причини зошто тоа уште не го сториле, но нивните побарувања не застаруваат и ќе можат да си го добијат обештетувањето кога ќе посакаат, но само до 30 илјади евра.

Од Фондот во извештајот наведуваат дека депозитите до 30.000 евра имаат поголемо учество. „Учеството на депозитите до 30.000 евра во вкупните депозити на населението забележува пораст до крајот на вториот квартал од 2020 година, а обратно, учеството на депозитите на население над 30.000 евра забележува опаѓање во вториот квартал од 2020 година“, се вели во извештајот.

Инаку, Фондот парите ги обезбедува од банките, кои уплатуваат премии.

„Стапка на покриеност на депозитите, која претставува сооднос помеѓу вкупните парични средства на Фондот во однос на вкупните депозити на население на крајот на првиот семестар на 2020 година изнесува 6,1 отсто, што е 0,2 процентни поени помалку споредено со јуни 2019 година. Законскиот минимум на стапката на покриеност изнесува 4 отсто, а Фондот за осигурување на депозити одржува една од највисоките стапки на покриеност во Европа“, се вели во извештајот на Фондот.

Фондот известува и дека во првото полугодие од 2020 немало ризичен настан кај членките на Фондот, а тој продолжил со обесштетување на депоненти за ризични настани кои настанале во минатото. Досега, односно до крајот на јуни годинава, што значи пред пропаста на Еуростандард, се случиле вкупно 11 ризични настани. Обесштетени се вкупно 20.078 депоненти, во вкупен износ од 22,3 милиони евра, што е 90,2 отсто исплатени обврски од Фондот за обесштетување кон депонентите. „Останатите 9,8 отсто се обврска за обесштетување во вкупен износ од 149 милиони денари кон 101.873 депоненти, кои од лични причини не го оствариле своето право на обесштетување од Фондот. Анализата укажува дека над 50 отсто од нив имаат поединечни депозити меѓу 100 денари и 1.000 денари, кои можеби поради неатрактивноста на износот, и покрај бројните јавни повици, не го остварија своето право на обесштетување“, велат од Фондот.

Сепак, во првото полугодие од 2020 година, двајца штедачи од Македонска банка дошле да си ги подигнат своите, практично минимални сум, од вкупно 703 денари.

Инаку, оние 27.706 штедачи (или 28.486 минус 780 од Еуростандард), кои имаат влогови над 30 илјади евра, според информациите од надлежните, не треба да стравуваат за своите пари. Народна банка постојано укажува дека банкарскиот систем во земјава е стабилен. Тоа како известивање стигна вчера повторно и од Македонската банкарска асоцијација.

„Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот. Банките и штедилниците продолжуваат да се грижат за клиентите – штедачите и кредитокорисниците и во услови на ковид-пандемија... Независна и професионална централна банка е еден од столбовите на стабилноста на банкарскиот сектор“, се вели во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени