13 Ноември, 2025
0.0290

КОЈ АКЦИОНЕР КОЛКУ ЌЕ ДОБИЕ ДИВИДЕНДА - еве како ќе се дели добивката во „Раде Кончар - апаратна техника“

Објавено во: Економија 29 Мај, 2024 11:33

Добивај вести на Viber

Раде Кончар апаратна техника оствари одлична добивка во минатата година, а причини за задоволство имаат и акционерите на компанијата, бидејќи за ланската година, ќе се делат солидни дивиденди на сопствениците на акции.

Собранието на акционери на „Раде Кончар апаратна техника“ се одржало во текот на вчерашниот ден, а по завршувањето компанијата ја извести инвеститорската јавност дека ќе се дели богата дивиденда.

Или, како што извести компанијата, нето добивката лани вкупно изнесувала близу половина милион евра или точно 493 илјади, а од овие средства во форма на дивиденда ќе се поделат најголемиот дел, односно 419 илјади евра.

Помала сума, односно околу 13 илјади евра, ќе оди во фоирма на акумулирана добивка.

Притоа, дивидендата ќе изнесува 125 денари по акција во бруто износ, соопшти компанијата по завршувањето на акционерското собрание.

А, Раде Кончар апаратна техника има повеќе акционери. Најголем поединечен акционер е Горан Антевски, кој поседува 8,83 отсто од акциите, и кој согласно со својот акционерски пакет очекува да добие дивиденда од околу 37 илјади евра.

Јана Стојкова Каневче, која располага со 7,55 отсто од акциите, би требало да земе дивиденда на сума од нецели 32 иклјади евра.

Акционерот Дарко Стојков има 7,35 отсто од акциите и согласно ова му следува дивиденда од околу 31 илјади евра, додека, пак, Владанка Трајкоска, со 6,1 отсто од акциите, очекува дивиденда од нецели 26 илјади евра.

Акции имаат и ДОО Раде Кончар Сервис и поправка на електрични производи, и тоа 7,3 отсто, како и ДОО Раде Кончар Заеднички служби, и тоа 5,22 отсто од акциите. И овие друштва би добиле дивиденда согласно со нивните акционерски пакети во компанијата.

Дивидендата ќе се исплати во законски утрвдениот рок, а тоа е 30 септе,мври оваа година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Гоце Димовски:„Аптив“ ќе зи замине од Македонија, но ќе треба да врати пари од државна помош

Гоце Димовски:„Аптив“ ќе зи замине од Македонија, но ќе треба да врати пари од државна помош

Компанијата dm drogerie markt забележа уште една успешна деловна година со стабилен раст, вложувања и иновации на домашниот пазар

Компанијата dm drogerie markt забележа уште една успешна деловна година со стабилен раст, вложувања и иновации на домашниот пазар

Дебата во Собранието за оданочување на пратките од „Тему“ и „Али Експрес“

Дебата во Собранието за оданочување на пратките од „Тему“ и „Али Експрес“

Дали унгарскиот нафтен гигант MOL е најблиску до купување на акциите на НИС

Дали унгарскиот нафтен гигант MOL е најблиску до купување на акциите на НИС

„СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ“: Левица обвинува дека новиот буџет носи сиромаштија и безнадежност

„СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ“: Левица обвинува дека новиот буџет носи сиромаштија и безнадежност

„ЉУПЧО, ТИ ТЕКНУВА КОГА ВРВНО ДОСТИГНУВАЊЕ ТИ БЕШЕ БРОЕЊЕ НА ИСПИЕНИ ЧАШИ ВОДА?“ Трипуновски му возврати на Николовски

„ЉУПЧО, ТИ ТЕКНУВА КОГА ВРВНО ДОСТИГНУВАЊЕ ТИ БЕШЕ БРОЕЊЕ НА ИСПИЕНИ ЧАШИ ВОДА?“ Трипуновски му возврати на Николовски

„ТРИПУНОВСКИ ВИДНО НЕРВОЗЕН ИЗЛЕЗЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈА“: Николовски бара негова оставка

„ТРИПУНОВСКИ ВИДНО НЕРВОЗЕН ИЗЛЕЗЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈА“: Николовски бара негова оставка

„КАКВИ ДОМАЌИНИ СЕ ОПШТИНИТЕ?“: еве на кои наплатата на даноците им е јака, а на кои слаба страна

„КАКВИ ДОМАЌИНИ СЕ ОПШТИНИТЕ?“: еве на кои наплатата на даноците им е јака, а на кои слаба страна

Европскиот парламент денес одлучува за судбината на Балканот: Се менува уредбата за трговските односи

Европскиот парламент денес одлучува за судбината на Балканот: Се менува уредбата за трговските односи