02 Декември, 2024
0.0312

Кој беше „Лудиот Алекс“ најхаризматичниот и контроверзен шкотски политичар и екс-премиер, кого смртта го стигна на ручек во охридски хотел?

Објавено во: Свет 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Шкотската политичка супер-ѕвезда Алекс Салмонд, кој од Доналд Трапм го доби прекарот „Лудиот Алекс“ ќе ја бранува јавноста долго по неговото заминување. Единствениот што донел апсолутно мнозинство на неговата партија во шкотскиот парламент, човекот што организираше референдум за отцепување на Шкотска од Велика Британија. Политички виртуоз што 20 години ја водеше најголемата шкотска политичка партија СНП. Најголемиот критичар на Тони Блер за воената инвазија врз Ирак. Без влакна на јазикот за бруталноста на Бенјамин Неатанјаху. Секогаш контра меинстримот, избркан од својата партија, контроверзен затоа што беше обвинет за сексуално вознемирување за што сепак доби ослободување и судски надоместоци од пола милион евра. Но покрај се, ќе остане запаметен како еден од ретките европски политичари кој без разлика дали е на власт или е опозиција имаше гранитен став: Палестина да биде независна и призната држава

Алекс Салмонд е поранешен премиер на Шкотска и истакнат европски политичар и еден од најхаризматичките, а воедно и најконтроверзни политички лидери на неговата генерација. Салмонд почина во 69 година од животот од срцев удар, во нашиот Охрид на меѓународна конференција на која беше повикан како гостин-говорник, на 12 октомври годинава.

Европската и светска политичка сцена ќе го паметат како исклучително харизматичен политичар, дури и ексцентричен. Маркантна фигура на британската политичка сцена и човек што во два наврати и двата од по десет години ја преводел шкотската голема политичка партија Национална партија на Шкотска (SNP) во период од 2004 до 2014 година и претходно од 1990 до 2000 година. За неговата кариера и популарност е значајно и тоа што прв пат во историјата обезбедил апсолутна власт на СНП во парламентарниот состав на шкотското собрание во 2010 година.

Важел за исклучителен политичар без влакна на јазикот и со еден атрибут што го двои од многу други политичари од неговата генерација. Познат е по прекарот „Лудиот Алекс“ што го добил од поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Во западната политика е познат и препознат по тоа што секогаш, без разлика дали е власт или опозиција, ги поборник за независна држава Палестина и радикален и најостар критичар на Тони Блер за војната во Ирак.

Меѓународната политика го памети како шкотски премиер кој 2014 година јавно повика на ембарго за продажба на оружје на Израел во периодот кога оваа земја како и сега го бомбардираше појасот Газа.

Во 2004 година „Лудиот Алекс“ јавно се спотивстави и отворено го критикуваше воздржувањето на Британија при гласањето на резолуција со која земјите членки на ООН го осудија израелското убиство на шеикот Ахмед Јасин основачот на „Хамас“.

Во нашата јавност овој „прут“ шкотски политичар стана познат по референдумот за отцепување на Шкотска од Велика Британија, кој по значајни перипетии и неизвесности сепак заврши негативно по шкотската независност од Англија.

Ќе остане запаметен и како остар критичар на премиерот Тони Блер за нападот врз Ирак во 2003 година во кој учествуваше британската војска. Тогаш блискоисточната земја беше разорена, Садам Хусеин насилно ја изгуби власта. Тој во 2016 година како претставник на СНП во парламентот поднесе предлог да се истражи мандатот на Блер за кој тврдеше дека ја манипулирал јавноста. Предлогот за поведување истрага не го доби потребниот број гласови во Долниот дом на нивниот парламент.

Салмонд веројатно ќе остане запаметен како единствен европски политичар што јавно говореше дека израелскиот премиер Бенјамин Неатанјаху треба да биде приведен ако стапне на шкотско тло затоа што Меѓународниот казнен суд (со седиште во Хаг н.з.) го бара тоа.

Контрадикторноста на Салмонд кулминираше во август 2018 година. Тогаш тој поднесе оставка од местото претседател на СНП под притисок на јавноста и опонентите во политиката затоа што беше обвинет за сексуално вознемирување. Но шкотскиот правосуден систем во 2020 година го ослободи од сите обвиненија и му беа исплатени судски трошоци во вредност од половина милион евра.

Од 2021 година формираше нова политичка партија – Алба и неговата смрт го затекна на нејзиното лидерско место.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото