КОЈ БИ РЕКОЛ: Хрватите најкорумпирани во ЕУ, до нив Бугарија и Романија!
Објавено во: Балкан 24 Март, 2016
Хрватска е членка на Европската унија со најголемо ниво на корупција во јавните набавки и со Романија и Бугарија спаѓа во најкорумпираните земји на ЕУ, покажа истражувањето кое го нарачало Европскиот парламент, а го спроведе институтот „РАНД Европа“, пренесоа хравстаките медиуми.
Хрватска, Романија и Бугарија ја предводат групата од четиринаесет земји на ЕУ кои имаат натпросечно ниво на корупција стои во истражувањето, а според индексот на ризик од корупција во јавните набавки Хрватска е на самиот врв, пред Кипар, Литванија и Романија.
Хрватска, Бугарија, Романија и Литванија поради корупција годишно губат околу 15 посто од БДП.
Анализата на непрофитниот институт „РАНД Европа“ која се заснова на три сценарија и неколку методолошки пристапи, покажала дека корупцијата на Европската унија годишно чини помеѓу 179 и 990 милијарди евра, пренесуваат агенциите.
Корупцијата има значајно социјално и политичко влијание бидејќи поттикнува нееднаквост, органиизран криминал, слабо владеење на правото, лоша излезеност на избори и недоверба спрема европските институции, стои во истражувањето.