Кој директор на државна фирма се поднови со службена лимузина за 50.000 евра?

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2019 20:53
Илми Селами, поранешен претседател на антикорупциска, советник во Министерство за одбрана, воен аташе во Брисел и се тоа во време на „режимот на Никола Груевски“ од пред неполна година директор на „Водостопанство“ АД. Кадар на ДУИ кој знае како да се бори со корупција, искусен во воени прашања и воена дипломатија, а сега и менаџер за водните ресурси на Република Македонија ќе се вози со нов „Талисман“ на оперативен лизинг за 50.000 евра
Илми Селами, директорот на „Водостопанство на РМ“ државната фирма која се грижи за сите брани во земјава и за системите за наводнување земјоделски површини купи на трошок на фирмата, се разбира, нова лимузина за безмалку 50.000 евра. Новиот „Рено Талисман“ ЗЕН со мотор од 1,6 литри и 130 коњски сили е новото службено возило на „Водостопанство“. За него , на оперативен лизинг, фирмата ќе плати 48.350 евра. Возилото се купува на 60 месечни рати, а месечно ратата изнесува 806 евра, а до километража од 100.000 километри за овој период по што ќе се наплаќа 19 денари за изминат километар.
Освен оваа лимузина, „Водостопанство“ ќе купи и 14 тенерци „Дачиа Дастер“ за кои , на истите услови – оперативен лизинг на 60 рати до 100.000 километри, ќе плати 368.000 евра. Инаку, неодамна „Водостопанство“ на својата веб страница се пофали дека купува теренски возила за своите потреби, но не се пофали дека купува и лимузина за 50.000 евра.
Сите детали на линкот
Кој е Илми Селами?
Тие со малку подолго и подобро памтење го памтат како перјаница на ДУИ во власта на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2010 година како претседател на антикорупциската комисија кој крена многу врева за да промени државни функционери кои имаат директорски и советнички места. Тогаш беа променети само Владимир Здравев од МЕПСО и Бавчовановски од ПУИК. Кратко по таа „антикорупциска победа“ Селами беше делегиран за воен аташе во Брисел. Во 2015 година стана заменик-министер за одбрана, а пред неполна година овој политичар беше именуван за главен извршен директор на „Водостопанство“ – фирмата која оперира со воденото богатство на сите големи брани во земјава. Селами е дипломиран политиколог.
Р. Ф.
Можеби ќе ве интересира
ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата

ПРОДАДЕНИ 6.000 АКЦИИ НА ГРАНИТ ПРЕКУ БЛОК ТРАНСАКЦИЈА - кој плати сума од 185 илјади евра
