09 Јануари, 2025
0.0249

Кој директор се прости од функција со потпис вреден 5,6 милиони евра?

Објавено во: Економија 06 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Гајур Кадриу, сега екс директор на безимената државна компанија која до неодамна се викаше „Македонијапат“, на денот кога премиерот Заев објави дека е разрешен, склучи договор за набавка на битумен вреден 5,61 милиони евра (договор со најголема вредност на ова претпријатие од 2008 година до сега). И овој тендер за набавка на битумен бил со само една понуда

Гајур Кадриу, повеќегодишен директор на „Македонијапат“, разрешувањето од функцијата го одбележа со потпис на најголемиот тендер што оваа државна компанија го склучила во последните 11 години. Станува збор за набавка на битумен 50/70 за производство на асфалт и е вреден 5,61 милиони евра. И на овој тендер имало само една понуда што е вообичаено за тендерите на кои од 2015 година до сега „Македонијапат“ набавувала битумен. Имено, јавната достапна статистика на агрегаторот time.mk покажува дека највредните пет тендери на „Македонијапат“ од 2015 година до сега се за набавка на битумен 50/70 од кој компанијата произведува асфалт за крепење на дупки или асфалтирање на парчиња од автопатите и магистралните патишта во земјава. На четири од вкупно пет тендери, од 2015 година до сега, имало само по еден понудувач, а само во еден случај имало двајца понудувачи. Четири пати досега добитник на овој тип на тендери била скопската фирма „КИ ЕМ ДООЕЛ“. Последниот тендер го доби компанијата „Илинден“ од Струга и тој е највреден. Вредноста на договорот е 5,61 милиони евра со вклучен ДДВ. Договорот Кадриу го потпишал на 17 јули годинава истиот ден кога премиерот Зоран Заев објави дека Гајур Кадриу ќе биде сменет од директорското место во јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Лани е единствена година, во последните пет, во која имало две понуди на тендер за набавка на битумен 50/70. Неговата вредност била 5,46 милиони евра со ДДВ. Во 2015 година и во 2017 година тендерите вределе по 3,07 милиони евра, а во 2016 година вредноста на набавката била 2,88 милиони евра.

Зошто „Македонијапат“ стана државна компанија без име?

Во јавно достапниот договор за оваа  набавка се гледа дека државното јавно претпријатие нема име односно назив.На архивскиот печат и на договорот нема име односно назив на компанијата која се викаше „Македонијапат“.

Што работи „Македонијапат“?

Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта  "Македонијапат" има повеќе работни задачи и обврски, меѓу кои позначајни се: редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта, проектирање на помали објекти на патиштата, асфалтирање на помали делници и крпење на ударни дупки, проектирање, изработка и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, заштита на патишта, автоматско и рачно броење на сообраќајот, катастар на патишта и мостови, информативна служба за состојбата на патиштата и друго. Јавното претпријатие одржува повеќе од 4.400 километри патишта ширум Македонија. Според тоа што го пишува на веб страницата на „Македонијапат“ претпријатието одржува 294 километри автопат и уште над 1.100 километри регионални и магистрални патишта. Фирмата е организирана во пет подружници: Автопат, Скопје, Велес, Битола и Штип. Најмногу километри одржува подружницата „Битола“ – 1.300 и тоа на делниците: Плетвар, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид и Струга. Подружница Скопје ги одржува делниците: Дебар, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово и Крива Паланка во должина од 1.149 километри. Подружница Штип одржува 1.011 километри и тоа на делниците: Кратово, Штип и Струмица. Подружница Велес одржува 662 километри на делницата Велес – Гевгелија.


Р.Ф.


Фото: ina

Можеби ќе ве интересира

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20% од акциите на оваа железарска компанија!

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20% од акциите на оваа железарска компанија!

ГЕРМАНСКИ ГИГАНТ ВРАБОТУВА: Се бараат 10.000 работници

ГЕРМАНСКИ ГИГАНТ ВРАБОТУВА: Се бараат 10.000 работници

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ ПРЕЗЕМА ТЕЛЕВИЗОРИТЕ, ПАМЕТНО ОГЛЕДАЛО ВИ КАЖУВА ДАЛИ СТЕ БОЛНИ: Топ иновации на CES 2025, доминираше Nvidia

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ ПРЕЗЕМА ТЕЛЕВИЗОРИТЕ, ПАМЕТНО ОГЛЕДАЛО ВИ КАЖУВА ДАЛИ СТЕ БОЛНИ: Топ иновации на CES 2025, доминираше Nvidia

ЕВЕ КОГА СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ГРАДСКО - ФАРИШ:Мицкоски кажа кога ќе се пушта и фамозниот пат Кичево-Охрид

ЕВЕ КОГА СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ГРАДСКО - ФАРИШ:Мицкоски кажа кога ќе се пушта и фамозниот пат Кичево-Охрид

ДОАЃА ЕГЗОДУС НА ВРАБОТЕНИ: Предупредување од страна на Деаноски

ДОАЃА ЕГЗОДУС НА ВРАБОТЕНИ: Предупредување од страна на Деаноски

АМЕРИКАНСКИОТ ГИГАНТ РАЗОЧАРАН, НЕ ПОМАГААТ НИТУ САНКЦИИТЕ: Го намалија производството на гас соочени со огромните загуби

АМЕРИКАНСКИОТ ГИГАНТ РАЗОЧАРАН, НЕ ПОМАГААТ НИТУ САНКЦИИТЕ: Го намалија производството на гас соочени со огромните загуби

И СЛОВЕНИЈА СЕ ЗАДОЛЖИ: Колкава е каматната стапка?

И СЛОВЕНИЈА СЕ ЗАДОЛЖИ: Колкава е каматната стапка?

РОМАНИЈА НА МАКА: Странски работници доаѓаат, ама бегаат

РОМАНИЈА НА МАКА: Странски работници доаѓаат, ама бегаат