21 Ноември, 2024
0.0273

Кој доби 500.000 евра државна помош и направи профит од 542.000 евра?

Објавено во: Економија 26 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Комбинатот „Гоце Делчев“ (ГД) – Тиквеш лани од извоз на трпезно грозје и вино оствари 3,5 милиони евра приходи и оствари добивка од 542.000 евра. Лани компанијата доби субвенции од 500.000 евра за справување со последици од корона кризата

Најголемата домашна компанија за производство на трпезно грозје и на вински сорти лани извезе грозје и вино за 3,5 милиони евра,покажуваат официјалните податоци од консолидираниот биланс на успех на земјоделскиот комбинат „Гоце Делчев“ ГД – Тиквеш со седиште во кавадаречкото село Возарци.

Ова друштво управува над 1.000 хектари земјоделско земјиште од кое над 550 хектари се лозови насади со вински сорти. Околу 250 хектари се насади со трпезни сорти грозје што „ГД Тиквеш“ го прави најголем производител на грозје во земјава. Лани компанијата, чиј доминантен сопственик е кавадарчанецот Ристо Милев, оствари вкупни приходи од продажба во износ од 4,4 милиони евра. Од тоа продажбата на домашниот пазар изнесува 884.000 евра, а над 3,5 милиони евра се од извоз на трпезно грозје и на вино. Вкупните приходи на групата фирми предводени од ГД Тиквеш лани се 5,1 милиони евра.

Во споредба со 2019 година лани приходите од продажба се намалени за 18 отсто, а тоа според образложението на компанијата се должи на послабиот квалитет на грозје во ланската берба, а и на пониските цени за откуп на грозјето што компанијата ги доби од своите партнери – винарии.

Останатите приходи на ГД Тиквеш лани надминаа 754.000 евра. Од тие пари државна помош за поддршка во справувањето со ковид последиците се околу половина милион евра, пишува во образложението на компанијата кон финансиските извештаи.

При тоа друштвото има намалени вкупни трошоци, а исто така и намалени расходи за вработените за 4 отсто лани во споредба со 2019 година. Лани вкупните трошоци за вработените изнесуваат 1,3 милиони евра. Вкупните оперативни расходи на компанијата се 4,7 милиони евра, а оперативната добивка изнесува 652.000 евра.

Нето добивката на друштвото лани е 542.000 евра и тоа е за 26 отсто послаб резултат од 2019 година.

Акцијата на ГД Тиквеш книговодствено вреди над 7.200 денари, а последната пазарна цена била 157 денари! Таа цена е постигната на 16 март лани кога биле истргувани 280 акции. Во акционерската структура суверен е Ристо Милев кој поседува 82 отсто од акциите со право на глас. Други 522 акционери – домашни физички лица делат околу 15 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто