20 Април, 2024
0.0284

КОЈ Е ДРЖАВНИОТ БОРЧЛИЈА ШТО ДОЛЖИ ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА, А ВРАБОТУВА СО ПЛАТИ ОД 45 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - распишан голем оглас за МРТ, еве кои профили се бараат

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Големиот државен должник, Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија, или по ново Национална радиотелевизија, реши да вработи голем број раководители, стручни соработници и инженери, дури 11 на број, а платите, иако не се премногу високи, сепак, може да се каже дека се доста солидни, особено во ппоглед на профилот на кадри што се бараат според образованието, но и според нивното работно искуство.

На огласот кој го распиша Агенцијата за администрација е наведено дека на МРТ и се потребни 11 извршители, а платите се движат меѓу 35 и 45 илјади денари.

Прв кадар кој се бара е раководител на секторот за финансиско работење, кој треба да има завршено или економски факултет, менаџмент или математика. За него се бара да има најмалку пет години работно искуство во струката, од кои најмалку две на раководно работно место во јавен сектор, или најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор. Неговата нето плата ќе изнесува близу 45 илјади денари. Согласно годишниот план на институцијата за оваа година, неговата етничка припадност треба да биде Македонец.

Потоа, се бара раководител на секторот за маркетинг и промоција, кој треба да има факултет и тоа или менаџмент, или економски или книжевност, а во поглед на неговиот стаж и искуство, се бараат истите услови како и за кандидатот за кој пишуваме погоре. Неговата плата ќе биде исто така 45 илјади денари, а според националноста, се бара тој да биде Албанец.

Во огласот е наведенои и дека се бара еден стручен соработник во Одделението за сметководство, кој треба да биде или економист или да има завршено менаџмент. Интересно за него е што може да има, но и не мора да има работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33 и пол илјади денари, а тој треба да биде Македонец.

Агенцијата распишала оглас и за двајца инженери во Одделението за софтвер. Тие треба да имаат високо образовабние од областа на информатиката, компјутерска техника и информатика или електротехника. За овие кадри се бара најмалку две години работно искуство во струката. Нивната плата ќе биде близу 37 илјади денари, а според етничката припадност, еден од нив треба да биде Албанец, а другиот Турчин.

Натаму, на огласот кој е распишан токму на први овој месец, се наведува и дека се бара стручен соработник во Одделението за финансии, за кого условот е да има завршено организациски науки на управување (менаџмент), економски науки или математика, а може и да нема работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 32 и пол илјади денари, а според планот на институцијата за еднаква застапеност, тој треба да биде Македонец.

ЈП Македонска радиотелевизија на оглас бара и стручен соработник во Одделението за планирање и реализација на буџети, кој треба да има високо образование од областите економски науки, јавна управа и администрација или организациски науки на управување (менаџмент), а треба да има само еднагодина работно искуство во струката. Оној што ќе го добие ова работно место ќе зема плата од 35 и пол илјади денари, а етничкиот услов што треба да го исполнува овој човек е да биде Македонец.

Уште едно вработување има во истиот оглас за МРТ, а тоа е за стручен соработник во Одделението за јавни набавки. Тој треба да има економски или правен факултет, и само една година работно искуство во струката. По националност треба да биде Албанец, а ќе зема плата исто од 35 ипол илјади денари.

На МРТ и бил потребен и еден стручен соработник во Одделението за архива, кој треба да има високо образование од областа на правни науки, јавна управа и администрација или библиотекарство и документација, и повторно работно искуство од само една година. Треба да биде Македонец како услов,а неговата плата е повторно 35 ипол илјади денари.

Едно вработување е резервирано за местото стручен соработник во Одделението за стручна и техничка поддршка на Програмскиот совет на МРТ и НО на МРТ. Образованието треба да му биде исто така високо во делот на правните или политичките науки, а претходно во струката да работел само една година. Овој човек кој треба да биде Македонец, исто така ќе зема 35 ипол илјади денари месечен надоместок.

И конечно, МРТ прима еден референт во Одделениете за архива. Тој може да биде и со средно правно образование или гимназија, виша-правно, а во струката би требало да има искуство од најмалку три години. Изненадувачки, но и за овој човек ќе има пристојна плата од 31 илјади денари. Според националноста, тој треба да биде Македонец.

Инаку, ЈП МРТ со години наназад е еден од најголемикте државни должници. 

Според најновите бројки на Министерството за финансии, кои датираат заклучно со јуни годинава, МРТ била 18 по ред најголем државен борчлија во земјава. Долгот на оваа државна институиција кој е доспеан, а не е платен, изнесувал дури 4,8 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор