Kој е екс градоначалникот кој се сомничи дека се огрешил пред законите?
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018
Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат – М“.
Телевизијата пренесува дека во периодот 2008-2009 година, објектот е реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа е продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава „Алсат-М“, по продажбата, објектот бил пренаменет во казино.
Финансиската полиција привела денеска четири луѓе од Демир Капија, објави претходно МИА.
Секторот за внатрешни работи Велес годинава поднесе кривична пријава против Трајче Димитриев од Демир Капија за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Тогаш беше наведено дека за време на предизборна кампања за Локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборен законик, донел решение во кое ја одобрил нелегалната одлука на советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање на трошоци за добивање на дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село Дрен
Тој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.