03 Декември, 2024
0.0256

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Како десна рака на ајатолахот Хамнеи, Каани е исто така една од клучните фигури зад ракетните напади врз Израел минатата недела и во април.

Еден од највисоките ирански воени команданти, Есмаил Каани, командантот на силите Кудс, елитното крило на корпусот на иранската револуционерна гарда, можеби е ранет и веројатно убиен во израелско бомбардирање на Либан, неколку медиуми од Блискиот Исток, вклучувајќи го и Ерусалим Пост, како и Turkiye Today, објавија за неговото ранење.

Каани наводно бил во моментот на израелското бомбардирање на Бејрут со новиот шеф на Хезболах, Хашем Сафиедин, кој бил цел на Израелците, а кој се води како исчезнат од петокот. Како што јавува Би-Би-Си, единиците на Хезболах изгубиле секаков контакт со Сафиедин од петокот, иако неговото убиство сè уште не е потврдено.

Во меѓувреме, се зголемуваат шансите Хашем Сафиедин, наводниот наследник на поранешниот генерален секретар на Хезболах, Хасан Насрала, да е убиен заедно со оние кои биле со него во израелски напад во јужен Бејрут во петокот, изјави неименуван либански функционер за Sky News Arabia.

– Шансите некој да преживее таков напад се нула – тврди нивниот извор од либанските безбедносни сили.

Новите информации објавени од Jerusalem Post и неколку медиуми од Блискиот Исток сугерираат дека Каани можеби бил погоден во истиот воздушен напад во јужен Бејрут, чија цел беше Хашем Сафиедин, очигледниот наследник на Насрала.

Некои израелски медиуми јавија дека Каани е ранет, додека други тврдат дека можеби починал.

Смртта на Каани сериозно би ги ослабнала воените капацитети на Иран, но секако дополнително би ги подгреала тензиите на Блискиот Исток. Имено, Есмаил Каани е наследникот на Касем Сулејмани како командант на силите Кудс, откако тој беше убиен во напад на американски дрон во близина на аеродромот во Багдад во јануари 2020 година.

Како десна рака на ајатолахот Хамнеи, Каани е исто така една од клучните фигури зад ракетните напади врз Израел минатата недела и во април. Тоа е, исто така, главната врска на режимот во Техеран со Хезболах и други терористички групи како што се Хутите во Јемен и единиците на ирачката милиција.

фото: Twitter


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото