Кој е Горан Ангелов, учесник во огласот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател: Директор на мошне непопуларно место за скопјани
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2019
Горан Ангелов е едно од имињата кои денеска беше објавено од ВМРО-ДПМНЕ како пријавен на огласот во изборот за кандидат за претседателските избори на пролет. Веднаш по соопштувањето следуваа реакции на социјалните мрежи, бидејќи станува збор за извршен директор на депонијата Дрисла, едно од најнепопуларните институции за скопјани од која што со години се жалат и во неа наоѓаат еден од изворите на аерозагадувањето во главниот град.
Ангелов во 2010 е назначен од концесионерот „ФЦЛ Амбинете“ за извршен директор на депонијата и се уште е актуелен раководител. Минатата година кај него во посета беше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кога беше најавено купувањето на новата печка. Дрисла за овој период е постојано критикувана за третманот на постојниот инсенератор за согорување на медицинскиот отпад.
Сегашната печка од 2000 година согорува медицински отпад на депонијата и сè до лани немаше филтер. Филтерот беше набавен и поставен откако Министерството за животна средина по извршените контроли пред две години ја казни Дрисла, и забрани да работи печката додека не биде поставен филтерот за апсорбирање штетни честички.
Ангелов е поранешен градоначалник на општина Виница во период од 8 години (двапати-4 години мандат), а беше избран и за Претседател на Асоцијацијата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС.
Беше назначен како официјален член и Шеф на Македонската делегација во Конгресот на Локални и Регионални власти (ЦЛАРЕ) во Советот на Европа, како и член на Ад-хок Работната група за југо-источна Европа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.