18 Декември, 2025
0.0531

Кој е Љубомир Михајловски-Џанго: Од ловец на криминалци до човек кој ќе ја враќа довербата во адвокатите

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2018 08:00

Добивај вести на Viber

Адвокатската фела го доби заменикот на Никола Додевски. Пајажината околу адвокатите ќе се обиде да ја расплете Љубомир Михајловски-Џанго кој ја доби довербата да го управува кормилото на адвокатите.

Џанго сега е пред тешка задача и предизвик и ќе треба да се потруди малку повеќе околу враќањето на довербата кон адвокатите .

Кој е Љубомир Михајловски-Џанго: Дел од јавноста го знае како поранешен министер за внатрешни работи која ја извршувал од 17 декември 2004 до 26 август 2006.

Од оперативец во МВР, до министер, директор на Царина застанува на чело на адвокатската комора....

Михајловски дипломирал на Правниот факултет во 1980 година. Во периодот од 1981 до 1983 година работел како пазарен и трудов инспектор во Собранието на Општина Центар.

Од 1983 до 1999 година бил потсекретар во Министерството за внатрешни работи каде обавувал повеќе функции. Во МВР работел и како инспектор во Управата за оперативни работи во СВР - Скопје, самостоен инспектор за спречување криминал, виш инспектор за спречување криминал, виш инспектор за недозволена трговија со дрога, началник на Одделението за општ криминал, началник на Секторот за сузбивање на криминал, заменик на помошникот министер за криминалистичка служба во МВР и началник на Управата за внатрешни работи - Охрид, Кичево, Дебар и Струга.

Во периодот од 2000 до 2002 година работел како адвокат, а од 2 декември 2002 ја обавувал функцијата директор на Царинска управа.

 Михајловски важи за истакнат адвокат во најчуствителната материја од правосудството а тајната на неговиот успех да биде добар кривичар во едено интервју за академик Џанко вели дека треба да имате одлично познавање на форензиката.

Треба да се има познавање од материјалните траги за да застанете наспроти обвинителството и да ги интерпретирате своите докази, тука мислам на материјалните како што се траги од крв, оружје, парафинска ракавица.  Добар кривичар мора да е добро упатен во областа на финансиски документи кога брани кривични дела од област на финансии, даноци, итн. Мора да ги познава и другите прописи, а не само ЗКП и КЗ. Добар кривичар треба да знае да ги цени доказите, за да може евентуалните грешки во обвинението во поглед на доказите да ги исправи на главниот претрес, да предлага нови докази, да има квалитетно познавање, за да даде квалитетна одбрана, кажа тој. 

Негови заменици се избрани Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Адвокатската комора на Македонија доби и нов Управен одбор.

За фотелјата претседател на Адвокатската комора се бореа и Звонко Давидовиќ,  Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија