20 Мај, 2024
0.0260

Кој е махерот што од вадење камен направи 2,2 милиони евра профит за 100 дена?

Објавено во: Економија 04 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Мермерен комбинат Прилеп менува газди, но не ја менува формата. И годинава за само сто дена направи профит од 2,2 милиони евра односно просечно дневна добивка од 22.000 евра. И речиси целата добивка доаѓа од извоз на мермер на стански пазари. Паралелно со резултатите за добивката, новиот газда им подготви големо разочарување на малите акционери. За откуп на секоја слободна акција понуди само третина од последната пазарна цена на таа акција

Мермерен комбинат Прилеп продолжува со серијата одлични финансиски резултати. Според најновите информации достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност, оваа голема извозна компанија оствари профит од 2,2 милиони евра во првите сто дена годинава. Тоа значи просечно дневно Мермерен правел профит во вредност од 22.000 евра.

Податоците на приходната страна покажуваат дека компанија минимално го зголемила извозот во првите сто дена во споредба со истиот период лани и дека тој на крајот на март годинава изнесува 5,57 милиони евра. На домашниот пазар во овој период компанијата од Прилеп пласирала мермер во вредност од 23.500 евра што е навистина незначително учество во вкупните приходи.

Оперативната добивка на компанијата за овој период изнесува 2,37 милиони евра и во споредба со истиот период лани е пониска за 8 отсто. Причина за овој тренд се зголемените трошоци за продадени производи и услуги за 17 отсто до ниво од 2,41 милиони евра.

Значајно за истакнување тука е зголемувањето на трошоците за вработените за 20 отсто во споредба со истиот период претходната година. Ова значи дека компанијата води активна политика на анулирање на инфлаторните тенденции и се грижи за стандарот на своите вработени. За нивните плати и другите трошоци поврзани со платите и надоместоците друштвото исплатило еден милион евра за три месеци.

Мермерен комбинат Прилеп неодамна беше актуелен заради промената на мнозинскиот сопственик. Токму по превземањето на мнозинскиот пакет акции, согласно законските прописи, стигна и намерата за превземање на сите слободни акции од другите малцински акционери. Понудувачот побара, а надлежниот регулатор Комисијата за хартии од вредност (КХВ) издаде решение со кое издаде дозвола за понуда за превземање. Сепак успешноста на понудата е неизвесна затоа што дојде големо разочарување за малите акционери. Цената што новиот газда ја нуди за секоја акција изнесува само 900 денари што е само една третина од последната пазарна цена за таа акција постигната пред повеќе од една година. Документот е достапен на следниот линк https://dejure.mk/zakon/reshenie-za-izdavanje-dozvola-za-ponuda-za-prezemanje-9?fbclid=IwAR3eQ0GjLmSK1ILNdnH3eAsZoLhVAsPT5QvrjTn8TTZ6HGsCDXkWM9V5mMg

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген