17 Декември, 2025
0.0571

Кој е Милан Беко? По потекло од Црна Гора, автор на приватизацијата во Србија!

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2014 21:09

Добивај вести на Viber

Српскиот бизнисмен Милан Беко е роден во црногорскиот град Херцег Нови во 1961 година, а во 1997 година дипломирал на Сообраќајниот факултет во Белград. Никогаш не работел во својата професија. Наместо тоа, станува еден од најпознатите и највлијателни луѓе во бизнис и политичките кругови во Србија. Автор е на законот за приватизација што во Србија важеше до 2001 година. Првата позиција му била директор за маркетинг во маркетинг-агенцијата Спектра, а набрзо сдтанал нејзин косопственик. Никогаш не бил член на ниту една партија, иако стигнал до позиција министер во владите на СПС, ЈУЛ и НД. Учествувал во неколку крупни приватизации на српски фирми - речиси сите српски млекарници, Књаз Милош, Пристаништето Белград, Вечерње новости и Ц Маркет. Медиумите постојано нагаѓаат, но никој нема детален увид колку „тежи“ империјата на Беко. Неодамна тој водеше интензивни преговори со српската Влада за да биде именуван за нов директор на српската Железница, но преговорите пропаднаа кон крајот на минатиот месец. Според информациите во српските медиуми, Владата се откажала од неговото назначување откако се утврдило дека тој е поврзан со преку 40-тина фирми од Србија, Панама, Шпанија, Швајцарија и Луксембург, меѓу кои и такви кои се отворени во оф-шор зони, а во неговата мрежа се наоѓале и неколку банки. Името на Милан Беко неодамна се споменуваше и како еден од најголемите должници за данок во Србија. Тој се најде на т.н. „црна листа“ на српската Даночна управа како сопственик на белградското пристаниште, со даночен долг од речиси една милијарда динари (околу 8,3 милиони евра). Српскиот бизнисмен денеска беше застрелан со два куршуми в стомак пред неговиот дом во Белград. Напаѓачот го чекал во заседа. (ВИДЕО) Бизнисменот Беко стабилен по операцијата, но лекарите не даваат прогнози

(ВИДЕО) Бизнисменот Беко стабилен по операцијата, но лекарите не даваат прогнози

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата