18 Декември, 2025
0.0993

Кој е најголем градежник? Направи 12,6 милиони евра за три месеци!

Објавено во: Економија 18 Мај, 2022 07:35

Добивај вести на Viber

Во ова тешко време и во период што не е градежна сезона, најголемата домашна градежна компанија „Гранит“ успеа да ги зголеми приходите за 10 отсто и кварталот да го заврши на позитивна нула. Веројатно е дека вториот квартал притисокот врз трошоците особено заради цените на нафтата и градежните материјали ќе расте и тоа ќе влијае врз билансот за првото полугодие. Но со пролетта започнува и градежната сезона. Сепак на акционерите „срце им грее“ дивидендата вредна еден милион евра од акците што „Гранит“ ги има во „Комерцијална банка“

Најголемата домашна градежна оператива , скопски „Гранит“ во првиот квартал оствари приходи од продажба кои се повиски за 10 отсто од лани и достигнаа 12,6 милиони евра. Како и претходно и оваа година доминантно е учеството на домашната продажба која изнесува 11,9 милиони евра во вкупните приходи од продажба на „Гранит“. Уште 810.000 евра приходи „Гранит“ книжи од капитализирано сопствено производство и од останати оперативни приходи.

Оперативните расходи на градежната компанија под големиот притисок на зголемените цени на енергенсите се зголемени за 14 отсто и изнесуваат 13,4 милиони евра. Најголем процентуален раст, очекувано, има кај трошоците за суровини и други материјали и тој изнесува 23 отсто, а вредноста на трошоците е 3,5 милиони евра. За вработените компанијата платила речиси 3 милиони евра, а услуги со карактер на материјални трошоци 4,9 милиони евра и тука растот на трошоците изнесува 23 отсто.

Оперативната добивка на „Гранит“ за три месеци е 3.000 евра и тоа за фирма од овој калибар е само „позитивна нула“. Но со оглед на периодот од годината кој не е градежна сезона резултат е очекуван и не е лош.

Особено затоа што е добра основа за вториот квартал во кој градежната оператива се буди и значајно ги зголемува своите активности. На добивката на „Гранит“ во овој т.е. вториот квартал многу позитивно ќе влијае и дивидендата од акциите што компанијата ги има во „Комерцијална банка“ од кои приносот ќе биде околу еден милион евра.  

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје