19 Декември, 2025
0.0453

КОЈ Е ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, КОЈ САКА ДА ГО ПРЕЗЕМЕ КОРМИЛОТО НА СДСМ? Јавноста прв пат го запозна кога стана министер за здравство

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2024 08:00

Добивај вести на Viber

Деновиве актуелни се информациите поврзани со кандидатурите на членовите на СДСМ за лидери на оваа партија.

Еден од нив кој најави кандидатура е неврохирургот д-р Венко Филипче.

Кој е Венко Филипче?

Тој е роден на 13.6.1977 година, во Скопје. Оженет е  и е татко на еден син.

Средно образование завршил во Скопје на 10.6.1995 година . Со високо образование се стекнал на Медицинскиот факулте во Скопје каде  дипломирал на 10.7.2001 година, со просечен успех 9,65. Во 2008 година  ја завршил специјализацијата по неврохирургија. Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација во 2015 година.

Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.

Во 2012 година завршил fellowship по интервентна неврорадиологија со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје.

Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.

Активно се служи со англискиот јазик

Активна политичка кариера започнува кога станува министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција доцент на медицинскиот факултет во Скопје.

Избран е за асистент на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година.

Во 2017 е избран за доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Д-р Венко Филипче е и секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа, а во 2016 бил организатор на Македонско-Јапонската невроваскуларна конференција.

На  25.12. 2017 година Венко Филипче е избран за министер за здравство во Владата на Република Македонија, откако од Министерството си замина Арбен Таравари кој беше избран за градоначалник на  Општина Гостивар.

Тој го истера својот мандат борејќи се со пандемијата со ковид, а беше актуелен со неговите изјави, па социјалните мрежи беа преполни со статуси посветени на него.

На неодамнешните избори тој ја предводеше кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 4.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот