29 Ноември, 2024
0.0313

КОЈ ФАСЦИНИРА СО СВОЈОТ ПРОФИТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ - ова е списокот ТОП ОСУМ според чисти добивки

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Македонската берза ги објави резултатите за котираните компании за првиот квартал од годинава. Познати се нето добивките за 94 компании, кои котираат на македонскиот пазар на капитал.

Од вкупните податоци на Берзата може да се види дека во првиот квартал од годинава добивки оствариле 62 компании, исто како и во истиот период од минатата година, додека со загуби работеле 27 фирми, наспроти 28 колку што завршиле со негативен финансиски резултат во текот на минатата година.

Две компании не ги објавиле своите податоци, а три се долгорочно суспендирани друштва.

Од бројките може да се види дека вкупната нето добивка што ја оствариле профитабилните котирани акционерски друштва на берзата е 75,5 милиони евра, што во однос на првото тримесечје лани е зголемување за 14,2 проценти.

Затоа, пак, кај загубарите загубата е двојно зголемена, и таа во првиот квартал годинава била на ниво од 9,5 милиони евра.

Кој остварил најголем профит од сите компании кои се котирани на берзата во првиот квартал?

Со својата фантастична нето добивка фасцинира Комерцијална банка, чии профит за само три месеци, односно во првиот квартал од годинава изнесува близу 17 милиони евра, или прецизно, 16,9 милиони, што е речиси двојно зголемување во однос на профитот од истиот период лани, односно за 99 проценти.

Веднаш на второто место е уште една банка, НЛБ Банка, со повеќе од одлична добивка, или над 13 милиони евра, што во однос на претходниот квартал е зголемување за 23 проценти.

И, и третото место за профитабилност во првото тримесечје е резервирано за банка. Се разбира, тоа е Стопанска банка Скопје, чии профит во првиот квартал изнесувал повеќе од солидни 11,5 милиони евра, што е пораст за 5,4 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Следува, на четвртото место, телекомуникацискиот бизнис, односно Македонски Телеком, со чиста добивка во првиот квартал од 7,8 милиони евра, а чиј пораст во однос на истиот период лани е 33,2 проценти.

Веднаш потоа доаѓа нашата најуспешна фармацевтска компанија „Алкалоид“, која е неприкосновена во однос на одличните финансиски резултати.. Нејзиниот профит во првиот квартал од годинава е 7,2 милиони евра, што е зголемување за 22,2 проценти во однос на првиот квартал претходната година.

Скопската цементарница УСЈЕ е на шестата позиција, со профит за само три месеци од 3,13 милиони евра. Она што треба да се напише за оваа компанија, е дека во првиот квартал нејзината нето добивка пораснала за фантастични 2.951 отсто, што значи дека тие имаат навистина причина да бидат задоволни.

Мермерен комбинат Прилеп има добивка од 2,21 милиони евра за три месеци, и со тоа се најде на седмо место, иако кај нив има благо намалување на добивката.

Фасцинантен финансиски резултат, односно добивка за три месеци од 2,15 милиони евра оствари уште една банка, УНИ Банка, каде зголемувањето на профитот е за дури 198 проценти.

Комерцијална банка          16,9 милиони евра

НЛБ Банка                           13,5 милиони евра

Стопанска банка Скопје     11,4 милиони евра

Македонски Телеком           7,8 милиони евра

Алкалоид                              7,2 милиони евра

Цементарница УСЈЕ            3,13 милиони евра

Мермерен комбинат           2,21 милиони евра

УНИ Банка                           2,15 милиони евра 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти