16 Мај, 2024
0.0258

Кој го создаде Hello Kitty и како заработи милијарди!?

Објавено во: Свет 15 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Благодарение на милионите лојални фанови Шинтаро Цуџи, 85 -годишниот основач на компанија Sanrio со седиште во Токио ја создаде сликата за Hello Kitty и стана милијардер, пишува Bloomberg . Од раѓањето на Hello Kitty во 1974 година Цуџи ги освојува срцата и албумите на девојчиња, жени и познати личности како Лејди Гага . Од почетокот на оваа година акциите на Sanrio се зголемија речиси двојно во споредба со 38 % раст на главниот јапонски индекс Nikkei 225 . Компанијата која продава картички со ликот на мачето , управува тематски паркови и произведува и дистрибуира филмови , регистрира продажба од 74,25 милијарди јени ( 898,6 милиони долари ) за изминатата фискална година која завршува во март . Цуџи е претседател и извршен директор на Sanrio , а неговиот син Кунихико кој има 61 година , е главен оперативен директор и потпретседател . Милијардерот кој никогаш не е го среќаваме во меѓународните листи на најбогатите луѓе во светот , контролира 1,8 милиони акции од Sanrio директно и уште 18,1 милиони преку Кунихико и трустови, сопственост на неговата сопруга Јасуко . Милијардерот е роден во богато семејство кое имало ресторани и хотели во префектурата Јаманаши на околу 63 милји од Токио . Цуџи имал сепак осамено и тешко детство. Мајка му умира , кога тој е на 13 години и го остава во рацете на роднините , кои го малтретираат . Станува бирократ , но на 33 -годишна возраст се откажува од оваа професија , за да започне свој бизнис . Во 1960 година ја однова Yamanashi Silk Center Co . со капитал од 1 милион јени . Фирмата продава свила и сандали за плажа. Тој тука го воведува прв херој - Strawberry во 1962 година. Бумот на Hello Kitty е во 1975 година , кога Цуџи го пласира на пазарот првиот артикл со ликот на популарното маче - паричник за монети . Малку постарите луѓе губат интерес за неа . Потоа во 1990 година таа повторно доживува период на подем . Во 2000 година во Сингапур има вистинска борба за да се купат куклите Hello Kity од рестораните на McDonald's . Цуџи ја преориентира компанијата кон лиценцирање на интелектуалната сопственост на фирми кои произведуваат различни стоки врз основа на ликовите на Sanrio , наместо да се фокусираат целосно на продажба на сопствените производи. Благодарение на оваа стратегија во последните четири години профитот двојно се зголеми. Во 2011 година Sanrio успева да натрупа 21,1 милијарди јени во готовина благодарение на договори за производи со ликот на Hello Kitty , вклучувајќи и облека и накит  за во продавниците на Wal-Mart, Zara и Swarowski . Фирмата во која работат 766 лица , се потпира на силниот раст во САД , Централна и Латинска Америка , особено во Мексико , како и во Азија . Од 11-те аналитичари кои ја следат Sanrio , петмина препорачуваат да се купуваат акции на компанијата , петмина сметаат дека треба да се почека , а еден е на мислење дека акциите подобро е да се продадат.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“