19 Декември, 2025
0.1020

Кој го возел пунтото на Груевски на денот на неговото бегство?

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2018 01:29

Добивај вести на Viber


Бегството го планирал во неколку фази, дури купувал неопходни работи за во затвор, а според информации кои ги има Алсат М телевизија поранешниот премиер Никола Груевски дури се поздравил со своите роднини и соработници. Сево ова, според телевизијата требало да создаде впечаток дека тој секако ќе оди во келијата. На денот на бегството, според нивните информации, вечерта, наводно, со неговиот автомобил излегол да се вози низ главниот град. Неколку минути подоцна, Груевски почнува да го спроведува планот за бегство. Се смета дека од гаражата од блокот каде што живее излегол со својот автомобил. Од излезот од гаражата, се смета дека бело возило „Фиат“ го следел до кружниот тек во една населба, недалеку од центарот на Скопје.

Оттаму безбедносните камери „Сејфсити”“ сведочат дека автомобилот „Фиат Пунто“ со зелена боја се враќа во гаражата, но не и поранешниот премиер. Се смета дека тој уште на почетокот не се качил во неговиот личен автомобил, туку директно во автомобилот на унгарските служби, а неговиот личен автомобил го возел вработен од унгарска амбасада, а потоа го вратил во гаражата.

Од кружниот тек се сомнева дека автомобилот тргнал кон Дебар, од каде неофицијално се дознава дека Груевски ја преминал илегално границата меѓу Македонија и Албанија. За да не падне во очи на полициските служби, се дознава дека Груевски употребил секундарни патишта, а не автопат каде што постојат безбедносни камери.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината