14 Јануари, 2025
0.0289

Кој, како и зошто ги крева цените на најдобрите македонски акции? Инвеститори реалоцираа неколку милиони евра за еден месец

Објавено во: Економија 05 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Растот на цените на најреспектабилните четири до пет акции на Македонската берза во голема мерка е предизвикан од големите пари кои овој месец (ноември н.з.) се свртеа од продажба на акции во „Македонијатурист“. А станува збор за обрт повисок од 20 милиони евра. Дел од тие пари очекувано извршија позитивен притисок врз цените на акциите на “Алкалоид“, „Макпетрол“, „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка затоа што овие компании имаат изразита, предвидлива и препознатлива развојна компонентна во комбинација со беспрекорна дивиденда репутација

Интензивно растат цените на „блу чип“ акциите на Македонската берза за хартии од вредност. „Алкалоид“ се бара на цена повисока од 25.000 денари, „Комерцијална банка“ исто се тргува на рекордно високо ниво од 25.000 денари за акција, НЛБ Банка ја проби психолошката граница од 50.000 денари за акција, а „Макпетрол“ се тргува по цена што е повисока од 87.000 денари за акција.

Сега се будат и помалку ликвидните акции од берзанскиот барометар односно индексот МБИ-10 , а тоа се „Стопанска банка Скопје“, ТТК Банка и секако „Гранит“.

Притисокот врз цените на најдобрите македонски акции е толку силен и интензивен што нивното влијание го враќа и МБИ 10 близу рекордната историска маргина од 10.000 поени. Последната вредност на МБИ -10 пред објавата на овој текст е речиси 9.350 поени.

Кој ги подигна цените на најдобрите македонски акции?

Реално гледано клучен катализатор за раст на цените на најдобрите македонски акции, во значајна мерка, се парите кои се свртеа на берзата од продажбата на акции во скопска „Македонијатурист“.

Веќе е очигледно дека таму има силна и интенвизна концентрација на капиталот во, барем досега, петкомпании. Сега најголем поединечен акционер е „Скопски пазар“, па тука се скопските фирми „Промедика“, „Фешн МГ“ и „Чеза комерц“. Од акционерската структура истапија пензискиот фонд на „Сава“, Соња Бибановска, а во значајна мерка и Доне Таневски најголемиот потенцијален акционер, а легалноста на неговата продажба ја проведува регулаторот Комисија за хартии од вредност (КХВ).

Увидот во официјалните податоци за ноември покажува дека со акции на „Македонијатурист“ се свртеа над 20 милиони евра. Убедливо најголем ќар од тоа имаше Доне Таневски, Соња Бибановска и идните пензионери кои преку пензискиот фонд на „Сава“ ги зголемија своите вложувања во идни пензии за над 3,6 милиони евра.

Можеби не се големи, но бројни акционери кои продадоа акции во „Македонијатурист“ во овој период направија алокација на своите вложувања во најугледните македонски акции членки на МБИ – 10 односно оние што се најликвидни и со беспрекорна дивидендна репутација.

А сите искрени аналитичари и хроничари на состојбите на нашиот пазар на капитал може само да ги радува тоа што дел од вложувањата во „Македонијатурист“ сега инвеститорите ги пренесуваат во некоја и неколку други најквалитетни акции. Затоа што очекувањата од нив се: умерен раст на пазарната цена базиран на среднорочен раст на резултатите, редовна дивиденда во иднина која поради очекуваните растови на продажбите ќе расте од година во година.

Токму овој тренд на вложувања укажува на зголемена зрелост на инвеститорите на македонскиот пазар на капитал, нешто што може само да им годи на искрените хроничари и аналитичари на берзанските состојби во Македонија.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...