Кој ќе брише прашина во државни канцеларии и за тоа ќе наплати 4,55 милиони евра?
Објавено во: Економија 12 Ноември, 2024
На тендер за чистење на државни канцеларии, ходници, тоалети, подруми, гаражи и патеки стигнале две понуди, а добитната е пониската за неполни 2.000 евра. За три години компанијата што го доби тендерот ќе наплати 4,55 милиони евра. Проекцијата на СОЗР била дека тендерот ќе чини над 9 милиони евра.
Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) избра најдобар понудувач на кого ќе му плати 5,37 милиони евра за три годишно чистење на нешто повеќе од 100.000 квадратни метри државни канцеларии.
На тендерот што СОЗР го распиша за потребите на државната управа се јавиле две компании за чистење односно одржување хигиена. Тендерот го добила „Ланд – сервис“ ДООЕЛ Скопје затоа што ја спуштила понудата за неполни 1.900 евра. Односно го добила тендерот со понуда од 4,55 милиони евра, без ДДВ, за тригодишен договор.
Во спецификацијата е наведено дека компанијата што го добила договорот се обврзува дека ќе чисти вкупно 100.733 квадратни метри внатрешни простории (канцеларии, тоалети, ходници н.з.) за вкупен износ од 5,22 милиони евра. Цената за одржување хигиена на еден квадратен метар внатрешен простор е 75 денари месечно.
Јавната набавка содржи и одржување хигиена на подрумски простории и гаражи. Станува збор за вкупно 17.455 квадратни метри и за секој од тие квадрати „Ланд-сервис“ ќе наплаќа по 7 денари месечно. Вкупната вредност за тоа чистење за три години со вклучен ДДВ изнесува 85.600 евра со вклучен ДДВ.
Најмала ставка во овј тендер е одржувањето на чистотата на надворешни површини пред објектите и патеките кои водат до објектите. За нив „Ланд-сервис“ ќе наплати вкупно 68.250 евра за три години, а сумата е со вклучен ДДВ.
Она што е интересно е тоа дека проектираната вредност на овој тендер била речиси двојно повисока односно изнесувала 9,63 милиони евра. Очигледно е дека двата износи односно проектираниот и добиениот воошто не кореспондираат. А тоа укажува веројатно на лошо планирање на СОЗР.
Уште една интересна работа која вреди да се истакне од тендерската документација и од договорот е тоа што компанијата мора да има осигурителна полиса на осигурана сума од минимум 10 милиони денари. А полисата е наменета да биде обезбедување на СОЗР во случај хигиеничар да направи штета при работењето.
Р.Ф.foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.