20 Мај, 2024
0.0265

Кој ќе даде најголема камата? Изнесува 6 отсто годишно!

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Иако не може да споредува со банкарските камати, она што како принос го дава СН Осигурителното брокерско друштво за својата корпоративна обврзница веројатно ќе го сврти вниманието на некои посмели инвеститори. Особено сега е извесно дека мразот е скршен и наскоро ќе биде првата исплата. Иде ли времето на корпоративните обврзници или и понатаму стопанството ќе чека само и исклучиво на кредитирање од банките?

Дали во иднина може да видиме конкуренција на банките? Дали може да го дочекаме толку посакуваниот развој на пазарот на капитал во кој инвеститорите ќе избираат вложување во корпоративни обврзници наместо депозити во банки или инвестирање во државни обврзници?

Верувале или не, доаѓа време... Едни од пионерите во ова се битолската компанија СН Осигурителен брокер. Лани ова време ја издадоа нивната прва корпоративна обврзница. Вчера официјално на веб страната на берзата објавија дека на 1 март (за две недели од сега) ќе ја исплатат првата годишна камата вредна 6 отсто на вложените средства во корпоративната обврзница.

Токму со објавата на оваа вест на берзата беше истргува количина обврзници за да направи промет од 10.000 евра. На тие пари новиот сопственик на обврзниците на 1 март ќе добие 6 отсто принос односно, во овој случај, 600 евра. Затоа што обврзницата се продаде на полна вредност (односно на номинален износ н.з.).

Споредбата со банкарските камати покажува дека СН Брокер има убедливо највисоката каматна стапка на издадена корпоративна обврзница. Иако , секако, корпоративната обврзница носи многу поголем ризик од класичниот банкарски депозит или орочен штеден влог.

Но, еве и споредба, со друга корпоративна обврзница издадена од банка. ТТК Банка вчера објави дека достасала за наплата нивната корпоративна обврзница. Или поточно пред два дена оваа банка исплатила годишна камата на имателите на обврзници. Стапката на корпоративната обвзница е 2,7 отсто на годишно ниво. Приносот од вложувањето во обврзницата на СН Осигурителен брокер е повеќе од двојно подобар во споредба со приносот на оваа банкарска обврзница.

Што е СН Осигурителен брокер?

Ова е релативно новоформирано акционерско друштво кое покажа амбиции на секундарниот берзански пазар пласирајќи корпоративна обврзница. Станува збор на осигурително-брокерска компанија која посредува меѓу осигурителни компании и осигуреници. За тоа наплаќа провизија од осигурителните компании чии полиси ги продава. Работата на брокерите во осигурувањето е секогаш да го најдат најдоброто осигурување за нивните клиенти – осигуреници.

Воедно, според официјални достапни податоци, оваа битолска компанија е најголемото осигурително брокерско друштво во конкуренција на четириесетина компании на нашиот пазар за осигурување.

Повеќе детали за работата на ова акционерско друштво се достапни на следниот линк Објави од друштва на Слободен пазар

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома