КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените
Објавено во: Финансии 20 Мај, 2024 07:44
Иако за јавноста во голема мера месечните примања на вработените во државните институции се енигма, и тешко може да се најдат податоци колку се движа платите на вработените, тие остануваат една од најпримамливите теми. Еден од начините да се дојде до оваа информација е преку годишните извештаи кои регулаторните тела и институциите ги доставуваат до Собранието. Па таков извештај кој неодамна го објави Регулаторната комисија за енергетика и водnи услуги открива колкави се трошоците на оваа институција за плати за вработените.
Бројките говорат дека грубо примањата на сите 40 вработени во институцијата достигнуваат околу 2.000 евра. Притоа во сумата се вклучени и придонесите, односно станува збор за бруто сума.
Но, овде мора да се напомене дека е сосема очекувано оти платите на сите вработени не се исти, туку напротив, очекувано е Претседателот на РКЕ, како и членовите комисијата да имаат повисоки примања од споменатата сума, додека административците примаат пониски плати.
Годишниот извештај на РКЕ открива дека до крајот на минатата година вкупниот број на вработени во оваа институција достигнувал 40 лица, од кои седуммина се членови на Регулаторната комисија, додека 31 лице се во стручните и административни служби, и две лица се вработени као помошен персонал.
- Образовната структура на членовите на комисијата и вработените во стручните и административните служби е 13 инженери, 13 економисти, седум правници и пет лица со друг вид високо образование. Во текот на 2023 година именувани се Претседател и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика со мандат од пет години. Комисија во текот на декември 2023 година, преку Агенцијата за администрација, почна постапки за вработување три лица во стручните и административни служби, постапките за вработување се во тек – се наведува во извештајот на РКЕ.
Податоците во табелата покажуваат дека само за плати и надоместоци минатата година од регулаторната комисија биле исплатени над 59 милиони денари. Согласно ова, ако сумата се подели по 12 месеци, на сите 40 вработени, вклучително со придонесите, или бруто трошоците по вработен достигнуваат две илјади евра.
- За остварување на надлежностите од Законот за енергетика* и Законот за утврдување на цени на водните услуги, Регулаторната комисија за енергетика во 2023 година има реализирано расходи во износ од 88.330.151 денари. Реализираните расходи се за 14,43 отсто помали од планираните поради начинот на работење, објективното и рационално управување со расположливите средства како резултат на ефикасно и ефективно работење на Регулаторната комисија за енергетика – пишува во извештајот на РКЕ.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





