15 Мај, 2024
0.0263

Кој ќе го превзеде кормилото на Европската комисија од рацете на Баросо?

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Името на луксембуршкиот премиер Жан Клод Јункер беше во борбата за заменик на Жозе Мануел Баросо на чело на Европската комисија по изборите на 25 мај, соопшти Reuters. Португалецот Жозе Мануел Баросо беше два мандати на чело на Европската комисија - од 2004 година досега. Јункер, кој од 2005 до 2013 година беше претседател на Еврогрупата, неформалното здружение на министрите за финансии од еврозоната,за германското Inforadio рекол дека "се интересира за функцијата, но ако изборите и други работи го дозволат тоа". Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат на ист датум во 28-члениот блок - на 25 мај. Согласно изборните резултати ќе биде номиниран и новиот претседател на Европската комисија. Неговата кандидатура треба да добие апсолутно мнозинство од 751-те пратеници од новоизбраниот ЕП. Меѓу другите споменувани имиња од Европската народна партија (ЕПП) е и тоа на сегашниот комесар задолжен за прашањата на внатрешниот пазар - Мишел Барние. Извори на Reuters коментираат дека шанси имаат и премиерите на Ирска Енда Кени, како и на Полска Доналд Туск и на Финска Јурки Катаинен, земајќи ги во предвид симпатиите на Ангела Меркел кон нив. Официјалната номинација ќе биде направена по средбата на партијата во Даблин, закажана за 6 и 7 март. Нивните конкуренти - Партијата на европските социјалисти (ПЕС), која е втора политичка сила во сегашниот ЕП, веќе го номинираше Мартин Шулц за функцијата на Баросо. Во моментов тој е претседател на Европскиот Парламент. Третата политичка сила - Алијансата на либералите и демократите за Европа (Алде), најверојатно ќе се заложат за поранешниот белгиски премиер Ги Верхофстат или за комесарот за економски прашања - Финецот Оли Рен. K.K.

Можеби ќе ве интересира

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев