19 Декември, 2025
0.0678

КОЈ ЌЕ СЕДНЕ НА МЕСТОТО НА ПАУНОВСКИ - Николовски најавува дека следните денови ќе се назначи в.д. директор

Објавено во: Македонија 28 Април, 2021 12:24

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски денеска изјави дека разрешувањето на директорот на Државниот пазарен испекторат, Стојко Пауновски е согласно законот и Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции.

Тој порача дека во следните денови ќе се назначи в.д. директор на ДПИ, со цел негово непречено функционирање и дејствување. Засега, според него, се уште нема одлука кој ќе дојде на местото на Пауновски.

„Во наредните денови ќе видиме кога ќе има седница на Влада, ќе биде предложен нов в.д. директор и кога ќе биде именуван веднаш ќе ја информираме јавноста, објасни Николовски“, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Тој додаде дека Владата на инспекторатот му дала 22 согласности за вработувања инспектори во Скопје, Струмица, Штип, Берово, Делчево, Крива Паланка, Битола и Прилеп за јакнење на капацитетите.

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови јавно му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 рамковни вработени што беа распределени во Државниот пазарен инспекторат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот