22 Ноември, 2024
0.0977

Кој ќе земе 3,65 милиони евра за да копа јаловина во РЕК Битола?

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Кој ќе земе 3,65 милиони евра за да копа јаловина во РЕК Битола?

Три градежни компании склучија договори со РЕК Битола за да копаат и да транспортираат јаловина во откопните полиња на рудникот „Суводол“. Со овие три договори  вредноста на договорите за ангажман на туѓа механизација во РЕК Битола надмина 20 милиони евра. Колку багери и камиони ќе купеа или ќе земеа на лизинг со тие пари?

Три градежни фирми добија тендери за ископ на јаловина во рудникот „Суводол“ на РЕК Битола и за една година ќе наплатат 3,65 милиони евра, ова се податоци кои можат да ја најдат на официјалната евиденција на Бирото за јавни набавки. Трите компании добиле тендери за ископ на јаловина на три ископни полиња во рудникот „Суводол“. Ископот на јаловина е постапка која мора да претходи пред да почне експлоатацијата на јаглен. Тоа е покривка која е земја и мора да се откопа за се создаде фронт за работа за копање јаглен.

Според достапните податоци трите компании ископот ќе го вршат со сопствени багери и ќе ја транспортираат јаловината со сопствени камиони. Договорите им траат една година од потпишувањето, а се склучени на почетокот на овој месец. Битолската компанија „Рубитон“ ја доби работата за ископ на јаловина за откопно поле Б (инвестициска раскривка) и нејзината цена за ископ е најниска во споредба со другите две добитни компании и изнесува 1.106 денари за кубен метар. Вкупната вредност на договорот е 1,185 милиони евра. „Гранит“ ќе работи на откопното поле А и неговата цена за кубен метар е 1.113 денари, а вкупната вредност на договорот со вклучен ДДВ е 1.276 милиони евра. Компанијата што има иста цена со „Гранит“ е битолската „Марковски компани“ и таа ќе работи на откопното поле Ц. Вредноста на неговиот договор е 1,185 милиони евра.

Овие три се последните тендери што РЕК Битола ги склучи за своите потреби за ископ. РЕК Битола нема доволно градежна механизација и машини за да ги задоволи своите потреби за ископ и заради тоа ангажира надворешни фирми да копаат и да транспортираат јаглен и јаловина во нејзините рудници. Јагленот е погонско гориво од кое во трите блока на термоелектричната централа во Битола се произведува повеќе од половината од струјата што воопшто се произведува во Република Македонија.

Раководството на ЕЛЕМ пред неколки месеци соопшти дека распишале тендер за набавка на механизација по што во РЕК Битола ќе може во најголема мерка потребите за ископ и за транспорт на јаглен да се задоволат со сопствена механизација, товарни и транспортни машини. За таа цел „Фактор“ достави прашања во кои побаравме одговори за тоа во која фаза е постапката за набавка, кога очекуваат да заврши и што се ќе се набави од механизација. Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Кој ќе земе 20 милиони евра од РЕК Битола за копање јаглен и јаловина?

Според официјалната евиденција на јавни набавки за потребите на РЕК Битола достапна на агрегаторот за вести time.mk од почетокот на годинава до сега 6 фирми склучиле договори со кои од нив ќе биде ангажирана механизација и кадар за ископ и транспорт на јаглен и на јаловина. Битолски „Пелистер“ има два договори за ископ на јаглен и јаловина вредни 8,63 милиони евра, битолската фирма „Марковски компани“ има два договори од кои едниот е за услуги од градежна механизација на повик од РЕК и другиот е за ангажман на механизација за ископ на јаловина во „Суводол“ и тие вредат 5,3 милиони евра. „Гранит“ има еден договор за ископ на јаловина вреден 1,28 милиони евра, скопската фирма „МИС Комерц“ има еден договор за услуги од градежна механизација вреден 3,7 милиони евра, а битолски „Рубитон“ има договор за ископ на јаловина вреден 1,185 милиони евра, а „Руд Коп“ од Битола има договор за помошна механизација за потребите на РЕК вреден 0,58 милиони евра.


Р. Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria