22 Ноември, 2024
0.0485

Кој македонски хотелиер има годишна плата од 137.750 евра?

Објавено во: Економија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Тоа што на запад е корпоративно правило и синоним за успешност на менаџерите кај нас уште е табу тема – висината на платите на најангажираните лица во компаниите. Но еве и кај нас еден пример дека се почитува Законот за трговски друштва во делот на транспарентни објави на податоци за финансиски примања на членови на органи на управување. Долгогодишниот прв човек на „Македонијатурист“ синоним за македонски хотелиер Доне Таневски лани имал вкупни примања од 137.750 евра

Доне Таневски, алфа и омега во македонската хотелиерска индустрија, човек што трета деценија раководи со најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ лани примил нето годишна плата од 137.750 евра. Ова се официјални податоци достапни во годишен извештај за 2019 година на една компанија во чиј одбор на директори членува Таневски. Таа компанија е пример за транспарентно корпоративно работење затоа што согласно со Законот за трговски друштва ги објави финансиските податоци за нето примањата на сите свои членови на органот на управување со друштвото. Инаку Таневски во таа компанија е акционер и воедно е неизвршен и независен член на органот на управување.

Таневски веројатно е најдобро платениот менаџер во македонската хотелиерска индустрија. Пишуваме веројатоно заради тоа што за жал во Македонија платите на менаџерите во сите сектори се табу тема и генерално „се кријат како змија нозете“. Наспроти нас во западните корпоративни економии платите не се кријат и се мерило за успешност на менаџерите. Во оваа ситуација не може да споредиме со плати на други менаџери на македонски хотели заради тоа што нема јавно достапни податоци. Воедно Таневски е и најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“ и поседува 19,6 отсто од акциите со право на глас.

Таневски трета деценија е прв човек на најголемата и многу успешна македонска и скопска хотелска компанија „Македонијатурист“ која управува со пет хотели кои работат во скопскиот регион и тие се: „Холидеј Инн“ и „Бест Вестерн Хотел Турист“ (двата во центарот на Скопје), Хотел „Карпош“, Хотел „Белви“ со својата прочуена летна тераса популарна за свадбени свечености и Хотел „Водно“. „Холидеј Ин“ е најлуксузниот и најугледниот хотел на компанијата и единствен што има категоризација од 5 ѕвездички.

Најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ лани оствари добивка од 1,72 милиони евра од своето работење во 2019 година. Оперативната добивка на компанијата е околу 1 милион евра, а останатите над 700.000 евра се финансиски приходи остварени од вложувањата на средствата со кои управува и се во сопственост на„Македонијатурист“.
„Македонијатурист“ лани остварила финансиски приходи од 769.000 евра и тоа е за феноменални 39 отсто повеќе од претходната 2018 година. При тоа финансиските расходи на компанијата се минорни и изнесуваат околу 6.000 евра. За особено истакнување е фактот што „Македонијатурист“ нема кредити и по тоа е една од ретките домашни компании. Напротив „Македонијатурист“ има сериозни вложувања во хартии од вредност и во краткорочни вложувања. Вложувањата во хартии од вредност на крајот на 2019 година изнесуваат 5,5 милиони евра, а краткорочните вложувања се на ниво од 16,4 милиони евра. Тие речиси 22 милиони евра вложувања во хартии од вредност и краткорочни вложувања се главниот генератор на финансиските приходи кои на компанија лани и донеле 769.000 евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria