19 Декември, 2025
0.0563

Кој не сака да чека државно, ќе си плати приватно 750 евра за операција на катаракта

Објавено во: Мои пари 12 Август, 2013 19:47

Добивај вести на Viber

Ќе се намалува времето за чекање на пациентите кои имаат потреба од операцијата на катаракта(очно перде). Според денешната најава на министерот за здравство, Никола Тодоров, ако досега годишно се изведувале 500 операции, бројката ќе порасне на 1.200, а покрај во Скопје, повеќе пациенти ќе се оперираат во Битола, Тетово, Штип, Прилеп и Струмица. Ова, се надева министерот, ќе го намали времето за чекање за операција од шест на два месеци. Во рамки на својата дополнителна дејност лекарите ќе може да ја изведат операцијата, но пациентите тогаш ќе платат 46.300 денари. Од оваа сума 14.630 ќе биде за тимот кој ја изведува интервенцијата. „Оние на кои не им се чека, а се поимотни, може да побараат во јавните здравствени установи да се оперираат приватно во рамки на дополнителната дејност и ќе треба да платат 46.300 денари. Идејата не е листите на чекање да се намалат со тоа што пациентите ќе се препраќаат приватно да се оперираат, но тоа во Германија драстично ги намалило листите на чекање, кои се помали од два месеци", изјави Тодоров. Со новата мерка за унапредување на офталмологијата треба да зајакнат постојните капацитети на регионалните болници. Министерот Тодоров истакна дека по 200 интервенции повеќе ќе се изведуваат во Штип, Прилеп и Тетово, а ако има потреба ќе оперираат таму и лекари од Скопје. Во Струмица исто така ќе започне да се изведува оваа интервенција, каде ќе се оперираат по 100 пациенти. На пациентите кои имаат закажано операција на катаракта во Скопје,  а се од посочените градови, ќе се известат по телефон и ќе бидат информирани кога и каде ќе им биде извршена операцијата.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка